Поврзи се со нас

Култура

Интересни факти за новогодишниот виенски концерт

Објавено

на

 

Традиционалниот Новогодишен концерт кој се одржува на 1 јануари, во концертната сала Мусиквереин во Виена е престижен светски настан кој се следи низ целиот свет. МРТВ е помеѓу 90 телевизиски куќи кои го пренесуваат концертот, а секоја година го следат повеќе од 50 милиони гледачи ширум светот.

Gostivarpress.mk во овие празнични денови го издвои Новогодишниот концерт како уникатен настан за кој треба да се напише нешто повеќе.

Почетоците на традиционалниот концерт му припаѓаат на мрачниот период на австриската историја и самиот оркестар. Имено, првиот Новогодишен концерт на Виенската филхармонија е одржан помеѓу диктатурата и војната на 31 декември 1939 година. Целиот приход од концертот е дониран на династијата Штраус, под водство на Клеменс Краус целосно посветена на националистичката социјалистичка донаторска акција „Krigsvinterhilfsverk“.  Од тогаш до денес се одржува непрекинато, дури и за време на втората светска војна, но во тој период се искористувал за цели на нацистичка пропаганда на “Големото германско радио”.

Најчесто на концертот се изведуваат дванаест дела, во чест на династијата Штраус. Со една пауза на половина од програмата. До 1990 година, концертот имал само еден дел, со почеток во 12:15 часот и траел до 13:30, а од 1991 година има два дела, од кои првиот дел започнува во 11:15 часот и трае до 11:50, кога има пауза која трае до 12:15 часот. Тогаш почнува вториот дел, кој е нешто продолжен и трае до 13:40 часот, со што целото траење на концертот изнесува околу два и пол часа.

Новогодишниот виенски концерт се изведува три пати секоја година. На 30 декември како предизведба наменет за припадниците на австриската војска, 31 декември како вечерен концерт и најпосле на 1 јануари како Новогодишен концерт.

Поради огромниот интерес за Новогодишниот концерт влезниците се продаваат на тој начин што купувачите се избираат преку интернет лотарија. Сите љубители на овој концерт од цел свет имаат можност да бидат извлечени. Се аплицира една година однапред, пример среќниците кои ќе го следат концерот на 1 јануари 2018 аплицирале од 2 јануари до 29 фервруари 2017. Истото важи и за концертот во 2019.

Цената на билетите ќе се движи од 35 до 1090 евра за новогодишниот концерт на 1-ви јануари, од 25 до 720 евра за концертот на 31-ви декември и од 20 до 450 евра за концертот на 30-ти декември. Програмата на сите три концерта е иста. Пред неколку години за две влезници три дена пред почетокот на концертот беа платени рекордни 18.360 евра.

Официјалната програма секогаш се следи со ритуален додаток од три бисови. Првиот бис е брза полка по избор на диригентот. Вториот бис е познатиот валцер  ‘На убавиот син Дунав’ дело на синот на Јохан Штраус каде секогаш првите неколку такта публиката ги прекинува со аплауз. Новогодишниот концерт се завршува со “Радецки марш”, дело на таткото на Јохан Штраус исклучително познато, брзо и весело дело во тек на кое диригентот во даден момент диригира и на публиката да ги поддржат со ритмично ракоплескање.

“Радецки марш”
Радецки марш е посветен на австрискиот федмаршал Јозеф Радецки, познат по бруталното гушење на востанието во Северна Италија. Поради тоа што федмаршалот во една ситуација одлучил да не го погуби синот, таткото Штраус како израз на благодарност му го посветил овој марш.

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!
Gostivarpress.mk

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
Гостиварпред 4 недели

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 5 дена

Денеска е Летник

Македонијапред 2 дена

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 2 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 2 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 3 недели

Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис

Гостиварпред 3 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Гостиварпред 4 недели

„Пациенти“ во Гостивар, урнебесна комедија за брачните „војни“

Гостиварпред 4 недели

Гостивар во спомен на 8 децении од смртта на херојот Злате Малаковски и Февруарскиот поход

Гостиварпред 4 дена

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена