Поврзи се со нас

Занимливости

Интересни, но и најчести географски заблуди

Објавено

на

Дали географските карти (мапи) нѐ лажат? Можеби ова прашање е преостро, но факт е дека ниедна мапа не ја прикажува својата содржина потполно реално. Причина е неможноста сферната (геоидната, терминолошки правилно да се изразиме) форма на Земјата да се пренесе на хартија, односно дводимензионално во форма на мапа. Тој проблем се решава со употреба на картографски проекции кои го деформираат изгледот на некои свои елементи. Како последица на тоа на повеќето географски карти Гренланд изгледа поголем, повеќе потсетува на континент отколку на архипелаг.

Кога сме веќе кај овие теми да споменеме и дека Земјата нема совршен облик на сфера, односно топка, пречникот од правец север – југ е нешто помал од пречникот исток – запад.

Покрај ова еве уште неколку интересни географски податоци и факти.

1. Можеби ќе се изненадите, но Порторико не е самостојна држава. Иако се наоѓа длабоко во Крибското море таа е прекуморска територија под управа на САД. Слична грешка се појавува и кај Бермудските острови кои се дел од Обединетото Кралство. Се греши и кај поимите Обединето Кралство и Велика Британија.

2. Претпоставката дека најголемите и најпознати градови мора да бидат и главни градови на одредена  држава е причина што, како по правило, сите ние ги грешиме одредени главни градови. На пример Истанбул, Рио де Женеиро, Сиднеј…

3. Слично на ова претпоставката дека сите пустини имаат екстремно високи температури на воздухот е далеку од вистината. Недостаток на врнежи е главна заедничка особина на сите пустини во светот, но заледените антарктички долини исто така се големи пустини иако во нив температурите на воздухот се далеку под нулата,

4. Можеби најубава географска заблуда е дека кинескиот ѕид е видлив од вселената. Но и покрај импозантната должина, ѕидот е премногу тенок за да се гледа од вселената. Кога кинескиот ѕид би се гледал од вселената, тогаш и сите автопатишта би биле видливи.

5. Египет со цела своја територија е афрчка држава. Грешка! Мал дел од Египет на Синајскиот полуостров се наоѓа во азискиот континент.

6. Исто така Авганистан, географски гледано, се наоѓа во Централна Азија иако политичко-општествените конотации го поврзуваат со Блискиот исток.

7. На прашањето која држава во светот е најсеверна помислуваме на Русија, Канада или Норвешка. Најсеверното копно на светот сепак му припаѓа на Кралството Данска.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена