Поврзи се со нас

Гостивар

Интернатот во Гостивар ќе ги дочека учениците во септември со реновиран изглед

Објавено

на

Во објектот на средношколскиот интернат во Гостивар, изминатиот период беа направени повеќе зафати за подобрување на условите за престој на учениците, како и за работа на кадарот.

Со финансии од Министерството за образование, комплетно се реновирани сите соби за сместување на децата со нови кревети, душеци, бироа и столчиња, а подновени се и административните простории и канцелариите на воспитувачите.

Со проект од Светска банка, преку Министерство за финансии и Општина Гостивар инсталирани се за фотоволтаични панели за заштеда на електрична енергија, додека со општински средства  се реновирани тоалетите во машкиот дел. Исто така, целосно нов изглед доби и просторијата која учениците ја користат за учење, со нови клупи, ламинат и опрема.

„Задоволни сме што остваривме добра соработка со сите, почнувајќи од Министерството, општината, како и приватните фирми. Инвестициите за подобрувањето на условите веќе даваат резултати и бројката на запишани деца кои од септември ќе престојуваат во нашито интернат е зголемена. Само по првиот уписен рок имаме 150 ученици, а очекуваме бројот  натаму да биде уште поголем. Апелираме до управите на средните училишта, да ги упатуваат учениците од селата и од другите градови кај нас, а на родителите сакаме да им порачаме дека ќе водиме голема грижа за децата, дека создаваме добри услови и се надеваме дека од тука младите ќе излегуваат со убави спомени“, вели Линдихана Салаи Сулејмани, директор на средношколскиот дом во Гостивар.

Во текот на летото ќе се продолжи со реализација на уште неколку зафати, со кои ќе се комплетира реновирањето.

Интернатот има капацитет да прими околу 250 ученици, а трошоците за нивно сместување и исхрана целосно ги покрива Министерството за образование.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Македонијапред 11 часа

Македонија во спомен на 59-те жртви во пожарот, собир и на плоштадот во Гостивар

Македонијапред 12 часа

Контрола на кабареа, ноќни и диско клубови-Донесени забрани за работа

Македонијапред 13 часа

Извршени претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани

Македонијапред 16 часа

Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток

Македонијапред 17 часа

Тошковски разреши началници и командири во Штип и Кочани

Македонијапред 18 часа

Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените

Македонијапред 20 часа

Да не се шпекулира со бројот на загинати во пожарот во Кочани, апелира Владата

Македонијапред 21 час

Притвор од 48 часа за Бектеши, Трајковски и уште 12 осомничени лица за пожарот во Кочани

Македонијапред 22 часа

Поради трагедијата во Кочани ден на жалост и во Србија, Бугарија, БиХ, Црна Гора

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 8 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена