Гостивар
Интернатот во Гостивар се подготвува за прием на ученици согласно антикорона препораките
Со затворањето на училиштата поради ковид пандемијата, и средношколските интернати останаа без деца. Дали и кога повторно ќе бидат отворени зависи, од тековите и организирањето на наставата во новата учебна година. Вакуум периодот, во гостиварскиот интернат се користи за подобрување на условите и подготовки за прием на ученици.
Моментално се работи на реновирање на тоалетите во женскиот дел. Ова е проект кој чини 2 милиони денари.
„Уште од почеток се залагаме да се врати довербата кај децата и родителите дека има кој да се грижи во домот за нив. Постојано спроведуваме зафати за подобри услови. Моментално се работи на целосно реновирање на тоалетите во женскиот дел и со тоа го завршуваме овој дел. Претходно завршивме со бојадисување на просториите, набавивме нов мебел, ги променивме вратите, имаме нови занимални и слично. Кујната е целосно реновирана по сите стандарди на модерна и безбедна менза за исхрана.“ рече Линдихана Салаи Сулејмани, директор на средношколскиот дом во Гостивар
За функционирањето на интернатите во услови на пандемија, се уште не се изготвени Протоколи. За тоа се чека потег на Комисијата за заразни болести. Сепак, извесно е дека ќе мора да има повисоко ниво на хигиена, постојана дезинфекција, намалување на бројот на деца во соба и слично.
„Сметам дека со закружување на реновирање на тоалетите кај девојчињата, објектот ќе биде целосно подготвен за прием на деца. Во услови на пандемијата секако е потребно одржување на повисоко ниво на хигиена, поради што се јавува потреба за дополнителен број на хигиеничари, барем уште двајца. Ние доставивме веќе барање до Министерството, па очекуваме одговор“, вели Салаи Сулејмани.
Во средношколскиот дом во Гостивар е со капацитет за околу 250 деца. Најчесто овде престојуваат ученици од селата во мавровско-ростушкиот крај, Струга, Дебар кои посетуваат настава во гостиварските средни училишта.
Во моментов се врши и реновирање на дополнителни простирии за да има повеќе услови за распределување на децата.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски