Поврзи се со нас

Македонија

Интернет измама поврзана со картичките за студентски оброк

Објавено

на

Шпаркасе банка ги известува студентите дека денеска е забележана измамничка кампања, претставена како линк креиран од Шпаркасе банка. Студентите овој линк го добиваат преку нивната е-меил пошта или преку СМС-порака, кој доколку го кликнат ги води до лажна веб-страница, која не е во сопственост на Шпаркасе банка.

„Оваа лажна платформа и условите во склоп на истата, бара од студентите да ги внесат нивните лични податоци, за да се регистрираат за „членство на студентски оброк“, а дополнително бараат платежни податоци од нивните родители со скенирање на „QR“ код или со кликање на копчето „Регистрирај се“. Кога примачот ќе ги внесе податоците, преку „бот мрежа“ напаѓачите прават трансакции преку интернет, со податоците од картичката додека има расположливи средства или до достигнување на лимитот за интернет трансакции“,  информира Шпаркасе банка.

Доколку студентите кликнале на линкот од електронската пошта или порака, и оставиле податоци за платежната картичка, преку системите за електронско или мобилно банкарство, треба да ги постават интернет лимитите на 0 и веднаш да го контактираат контакт центарот на Шпаркасе банка 02/15050 за да ја блокираат картичката.

„За да се заштитите од тековните напади, доколку сте добиле таква е-маил или СМС порака, не ги оставајте Вашите лични податоци или бројот на Вашата картичка, CVV2 број (трицифрениот број испечатен на задната страна на Вашата картичка) или датум на истекување на картичката. Шпаркасе Банка се идентификува со користење  соодветен валиден сертификат (https), којшто спречува напади од ваков вид. Дополнително, „Phishing мејлот“  води до адреса, која не е на Банката и сертификатот не е валиден“, наведува банката во известувањето.

Шпаркасе банка АД Скопје ги известува студентите да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни линкови кои ги добиваат преку СМС-порака, електронска пошта или на социјални медиуми.

Укажува дека аплицирањето за кобрендираната картичка за субвенциониран студентски оброк се врши исклучиво преку веб-страницата на Министерството за образование и наука е-услуги, а податоците се ажурираат преку официјалната e-платформа на Шпаркасе банка.

Сподели ја веста:
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 1 недела

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

Македонијапред 2 недели

Најнова одлука: Од утре промената на возачките, сообраќајните и патните листови ќе бидат без надоместок

Македонијапред 4 недели

Ќе се доделуваат ваучери за инвертери, огласот утре

Што, како, каде?!пред 4 недели

Гаражна распродажба во РАМСТОР: Огромни попусти до 70% на шопинг до 11ти Февруари!

Македонијапред 2 недели

Граѓаните затекнати во странство по 12 февруари со стари пасоши, ќе можат да се вратат со патен лист

Гостиварпред 3 недели

Таравари: Куршумот најден пред мојот дом е со јасна заканувачка мафијашка порака

Гостиварпред 3 недели

Утре во Гостивар можни прекини на водата и намален притисок поради пуштање во употреба на нов резервоар

Гостиварпред 2 недели

Велјаноски: Одлуката за вработување во гостиварската болница е противзаконска, прекршителите да бидат повикани на одговорност

Гостиварпред 3 недели

Пред влезната врата од куќата на Таравари оставен куршум

Гостиварпред 1 месец

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 2 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 3 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 3 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 6 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 6 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 7 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Гостиварпред 7 месеци

Гостивар домаќин на атрактивна Меѓународна изложба на кучиња со учесници од 25 земји

ФОТО ВЕСТпред 7 месеци

ФОТО ВЕСТ | Августовска вечер низ Гостивар

Огласи за вработување:

- Клуб Спорт 77
- Млекара Маврово с.Ижиште
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена