Вести
Интервју Ѓорѓи Нешкоски, актер: “Секоја улога е нов свет што треба да се осознае”
Објавено
пред 4 годинина

Гостивар го познава како омилениот глумец. Самиот за себе вели дека е „заразен од мирисот на театарската прашина“ , а секоја нова улога ја гледа како голем предизвик. За читателите на Гостиварпрес разговаравме со нашиот гостиварец Ѓорѓи Нешкоски, актер со диплома од Факултетот за драмски уметности во Скопје, вработен во Тетовскиот театар и главна фаца на Театар Дунек, театарска група која ја држи во живот театарската сцена во Гостивар. Зад себе има бројни улоги со кои успеал и да ја насмее и да ја расплаче публиката. Во ова интервју прочитајте што Ѓорѓи вели за магијата на актерството, за работата со деца, но и за глумењето во вистинскиот живот…
Да се присетиме на првиот пат кога стапнавте на театарската сцена пред публика, но и на најтешката улога што до сега ја имате одиграно.
Бев многу мал, 5 или 6 години, гледајќи претстава од публика посакав да се качам горе и да видам што се случува позади сцената, што прават глумците позади, дали се вистински оние кои ги гледам од гледалиштето. Прашања кои се нормални за едно дете на таа возраст. Кога дознаваш што има позади сцената, посакуваш да бидеш НА сцената, кога ќе се качиш на неа се заразуваш од мирисот на онаа театарска прашина, работиш на нови претстави, улоги, кои полесни, кои помалку лесни. Во секој случај, секоја улога е предизвик, еден нов свет кој треба да го осознаеш. Не се сеќавам на натешка улога, се сеќавам само на задоволството на крајот на секој процес.
Зад себе имате повеќегодишно искуство пред се` како актер, но и како режисер на претстави. Како е да се биде од едната, а како од другата страна?
Разликата е само во начинот, материјата е иста. Иако никогаш не сум се гледал како режисер, сепак сум актер. Начинот на материјата е да помине низ мене, а на режисерот е да ја постави таа материја да поминува преку другите или режисерот ја гледа големата слика-рекол еден наш голем режисер. Во мојот случај почнав да поставувам претстави во Гостивар со деца од различна возраст, со цел да ја одржиме во живот театарската култура и да има едно место кадешто младите ентузијасти ќе можат да си ја остварат желбата да учествуваат во театарски претстави.
Гостивар нема професионален театар, но под ваше водство функционира Драмското студио „Дунек“ кое не дозволува да се заборави значењето на театарската сцена. Изминатите години бевте фокусирани на претстави во кои глумеа деца и млади актери. Какво е искуството да се подучуваат најмалите на актерство?
Да, Дунек последниве пет години направи повеќе претстави, поголемиот дел беа за деца, но се направија и три претстави за возрасни и една мултиетничка наменета и разбирлива за сите етникуми во Гостивар. Искуството со најмалите во тој процес е навистина забавно заради нивната чиста и невина верба во светот на фантазијата, онаа која е клучна за творење, но и една голема одговорност и макотрпен процес.
Што ви е најголем предизвик во работата?
Предизвик ми е секоја следна улога или некој проект во кој влегувам.
Колку луѓето во денешно време глумат во вистинскиот живот?
Глумат ДА, сериозна конкуренција гледам, но моја среќа што не е во театарот.
Што периодов работи Ѓорѓи, има ли на повидок некој нов проект?
Јас сум дел од ансамблот на Тетовскиот театар и на почетокот од следната година почнуваме со нова претстава. Во моментов со членовите на Дунек работиме на еден голем проект кој ќе стартува исто така од следната година во Гостивар. Еден далеку посериозен проект од минатите за кој сега не можам многу да зборувам и за кој ќе бидете благовремено известени како медиум. Поздрав и успешна работа Гостиварпрес.
Љупка Антеска
АНКЕТА:

КК Гостивар сигурен против МЗТ 2 (78-62)

Гостивар на трето место по новозаразени со корона денеска, на четврто по оздравени

Последните два дена 43 решенија за изолација во Гостивар

КК Гостивар денес ја пречекува екипата на МЗТ 2

Приведени три лица во Гостивар поради трговија со кокаин

Самовработување со кредитирање – од 5 до 10.000 евра за невработените за свој бизнис

Денес направете си ванила пита, од вкусно повкусно

Верувале или не?!

Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари

Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово

Надминат проблемот на „купувај домашно“ приговори може да поднесуваат и граѓаните на Општина Гостивар

Во тек е исплата на финансиска помош од 100 евра, приговорите се разгледуваат

На „купувам домашно“ нема опција за приговор за граѓани на Гостивар

Детали од банкомат кражбата во Гостивар: Го исклучиле алармот, користеле хебли и брусилици…

Проституцијата цвета, во Гостивар над 270 девојки и жени даваат сексуални услуги

Инфектологот Наумоски од Гостивар за личната борба со ковид: Болеста ја погодува психата, поддршката од блиските и околината е најважна

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)

Почнува! Априлијада на Gostivarpress.mk (прв дел)

ФОТО ВЕСТ: Полициски час! Гостивар после 21 часот
Популарно изминативе 100 дена
- Здравје и убавинапред 1 месец
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Технологијапред 2 месеци
Вредноста на биткоинот премина 18.000 долари
- Занимливостипред 2 месеци
Зошто мобилните телефони секогаш ви паѓаат на страната од екранот?
- Гостиварпред 3 месеци
Гостивар во тага, го загуби доктор Трајче Нешковски
- Спортпред 3 месеци
Важни победи за ФК Гостивар и Вардар Форино во 7.коло во 2МФЛ
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ поевтинуваат бензините
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ нови цени на горивата
- Рецептипред 2 месеци
Подгответе сочна есенска пита од јаболка