Поврзи се со нас

Интервју

Интервју со Кристина Мерклер, поетеса

Објавено

на

„Поезијата треба повеќе да се цени“

 

На последниот Меѓународен поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар, поетесата Кристина Мерклер ја доби највисоката награда, Гран при. По тој повод, со неа разговараме за поезијата, местото на пишаниот збор во општеството, вредностите кои преку него се пренесуваат и ред други работи. Кристина е родена 1982 година во Скопје. Основно и средно училиште завршила во Гостивар, каде го поминала детството и поголем дел од својот живот. Дипломирала новинарство, а сега живее и работи во Скопје како администратор во приватна фирма. Автор е на стихозбирката „Горчливи години“ издадена во 2016-та година.  

Неколку дена по фестивалот „Литературни искри“, веруваме дека стивна еуфоријата и се средуваат впечатоците. Какво искуство беше учеството на овој поетски настан за тебе како автор и што значи добиената награда?

Кристина Мерклер: Јас сум човек кој живее од и за –емоции. Зависно од тоа што или која личност е наспроти мене-различната страна од мојот карактер се буди. Мојата фацијална експресија овојпат немаше врска со тоа како навистина се чувствував. Бев  без никакви очекувања. А тоа дека сум добитникот на највисоката награда секако дека ме израдува, но ова беше една од ретките ситуации кога заборавив  правилно да изреагирам. Бев на граница од расплакување и тахикардија.  Ова беше будење…А јас не знам што е средно расположение. Или може се` да ме погоди  или да не можам да престанам да барам хумористична позадина во се` и да се смеам. Интересно е што оние кои не ме познаваат, ме доживуваат како сериозна. Ова е првата награда која ја добивам во градот на моето детство. Прекрасно организирана средба на највисоко ниво  со многу квалитетни автори. И да, ова беше прилично сериозно за мене…Посебно признание за мојот труд, беше како да сум била пофалена од сите учителки до сега, освен од својата мајка. Тоа е вистината.

Како поет кои теми ти се најпровокативни и најпримамливи да ги сместиш во стихови?

Кристина Мерклер: Чувствата за кои не се зборува. Најдлабоките и најтемните емоции кои може да наидат на општествена осуда. Како и оние најчистите кои одамна не се на цена. Состојбата на душата секогаш ми завршува во песна. Секоја втора песна која сум ја напишала  „дише“ вистински ситуации. Некогаш мои животни драми, некогаш на луѓето кои ги познавам. Некогаш пречиста среќа која ме тера да се радувам на мали нешта. Никогаш не пишувам насила и по шаблони. Затоа и претежно бегам од литературни натпревари. Исто како што избегнувам читање на моите дела, зашто ми се навраќаат емоциите кои сум ги имала во текот на пишувањето и можам лесно да се расплачам. Вештачко создадени дела без инспирација презирам. Незамисливо ми е да натрупам куп убави фрази и зборови само за да импресионирам некој кој ќе чита. Зашто тоа не сум јас.

Кое е твоето мислење околу значењето и улогата на поезијата во општеството? Може ли таа да биде движечка сила за промени или служи повеќе како интимна оддишка на авторот?

Кристина Мерклер: Не само поезијата,  секоја уметност е кандилце во мракот кој сами си го чуваме во душата мислејќи дека сме најсигурни ако егоистично мислиме само на себе, не пуштајќи тронка светлина однадвор да покаже колку ние и како индивидуи сме моќни да го направиме светот поубаво место за живеење. Зборовите и делата се најсилните орудија на човекот. Се` започнува во главата. Прашање е дали ни е поубаво со ништо да не се заморуваме или да се давиме во своите емоции  или да пратиме некоја порака низ уметноста. Поентата на пишаниот збор е да покаже на уште стотици други и да викне „еј и јас сум како тебе, и мене ми е тешко или убаво, не си сам! И уште нешто-не сме само ние!Што  правиме ние за другите. Посакувам поезијата да беше повеќе ценета и посериозно сфатена.

Дали интернетот и социјалните мрежи помагаат за популаризација на поезијата и колку стиховите што се споделуваат онлајн се добри, квалитетни?

Кристина Мерклер: Интернетот е убава работа за оној кој умно го користи. Во поезијата по социјалните мрежи забележувам хиперпродукција на дела кои се за восхит ,но…и дела кои врескаат од его и самодокажување. Живеам во време кога пишувањето е мода. Пред едно 15-20 год  ние кои пишувавме не доживуваа како филозофски настроени човечиња, така по малку чудни. Меѓутоа,  беа времиња на прилично строги критериуми по литературните натпревари. Секој нареден натпревар значеше  објективно самопотврдување. Денес, вкусот на публиката  е различен. Од луѓе кои се огледуваат на чик-лит романчиња и тоа го доживуваат за квалитет и млади луѓе кои  имаат изострен вкус за квалитет и нуркање во покомлицирани дела кои бараат да мислиш и размислуваш. За секое дело има читател. И не смееш да искоментираш дека читаат плитка литература доколку истата ја читаат куп луѓе и е поткрепена со добар маркетинг. Мора да се помириме со тоа дека за вкусовите не се дискутира. Јас лично бирам да читам нешта после кои немам филинг  дека ми изумреле куп мозочни ќелии и дека сум оглупавела.

Гостивар или Скопје?

Кристина Мерклер: Гостивар е мојата втора мајка. Прилично авторитативна. Со едната рака ме гали(додека дише од спомени на моето детство, ми го скокотка носот со најубавите печива, топлината на понавањето на секој со секого  и чуството на едноставност ) а со другата рака ми мава шлаканица (секогаш кога бара одново и одново да и се докажувам, за да ме сака како другите и спомените на едно детство кое ме поттикна да научам да бидам поцврста за да преживеам).

Скопје, затоа што се губиш као капка во океанот и никому не му е грижа премногу за тебе, правејќи те толку самостоен, постојано ставајќи те на испит кој тие лимитот  и способноста да се избориш за себе. Те фрла во канџите на конкуренцијата во секоја можна област и те учи како да станеш као мачката. Кога и да те фрлат, да паднеш на нозе. Скопје ме научи да ја доживувам конкуренцијата со максимален респект. И секогаш да имам високи очекувања од себе. Ама само од себе. И ме научи дека  нема ништо лошо во тоа да не им се допаднеш на сите, бидејќи веројатно…ни тебе не ти се допаѓаат сите.

Кои се твоите планови за во иднина на полето на пишаниот збор?

Кристина Мерклер: Имам голема желба  да го напишам романот кој го имам во главата. Дали ќе му дадам предност нему или на печатењето на купот песни кои ги имам напишано во последнава година ипол…се` уште не сум на чисто со себеси.  Секако ќе бидете известени и со задоволство поканети на промоцијата.

 

Љ. Антеска

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 8 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 9 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 11 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 12 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 13 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 14 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 15 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 16 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена