Поврзи се со нас

Гостивар

Интервју со Береда Решит, актер: „Пред да излезам на сцена се молам, потоа публиката е најважна“

Објавено

на

Со своите 35 години, актерот Береда Решит од Гостивар зад себе веќе има плодна театарска и филмска кариера. Дел е од ансамблот на Гостиварски театар, глумел во  познати филмски остварувања во Македонија и на бившите ју простори („До Балчак“, „Трето полувреме“, „Година на мајмунот“, „Делириум тременс“ итн…), го гледавме и во хит серијата Преспав.

За своето актерско искуство, за впечатоците од „штиците што живот значат“ и од „пред камерата“  Решит зборува во интервју за  Gostivarpress.mk.

Gostivarpress.mk: Премиерата на „Полковникот птица“ Гостиварски театар ја имаше на Охридско лето, а потоа и пред домашната публика во Гостивар. Тоа беше првата претстава што се одигра во затворен простор од почетокот на пандемијата. Какво беше искуството да се подготвува една театарска поставка во време на корона?

Решит: Нормално си почнавме со подготовки на претставата, како што треба, најпрво со читање на текстот, но се случи пандемијата. Теравме уште една недела, но искрено се јави и страв кај нас, па почнаа карантините, се забранија собирања, се затворија театрите. По повеќе месеци, не‘ повикаа повторно на проба. Имаше многу неизвесност во сето тоа, доаѓавме на проба малку уплашени, како ќе биде, ако некој „фати“ корона што ќе биде со сите нас. Сепак, такво нешто немаше и со тек на време се опуштивме, секако со почитување на мерки, со маски, без доближување, допирање, сцената и просторот постојано се дезинфицираа. Некако со тек на време заборавивме на коронавирусот, се дадовме максимално и за кратко време напраивме многу добра претстава. Публиката го кажа своето, иако поради пандемијата во ограничен број, сепак приемот беше одличен и сите ние сме задоволни. Лично се зачудив, во Гостивар конкретно целата претстава беше проследена со големо внимание, не се слушна никој да шепоти, некој телефон да ѕвони…

Gostivarpress.mk: Како се чувствуваш кога стапнуваш на театарската сцена?

Решит: Пред да стапнам на сцената имам голема трема, она што се случува зад кулисите така можам да го опишам, како голема трема. Се помолувам на Господ да ми помогне. Но, кога ќе излезам веќе пред публиката да ја одиграм својата улога, некако се опуштам и сето тоа го надминувам. Друг ритуал немам, само се помолувам. И исто така, пред да излезам на сцена ми треба мир и тишина, што значи не сакам да зборувам на телефон, ниту да имам контаакти со некого, освен со колегите со кои работам за да си се договориме. Така се концентрирам. Не е лесно да излезеш пред луѓе и да не грешиш. За Гостиварски театар мора да кажам дека постои многу убава енергија меѓу целиот тим. Кога работиме, твориме, ние сме нови луѓе, забораваме на се, целосно се посветуваме на тој проект, се смееме, разменуваме мислења…

Gostivarpress.mk: Како актер освен театарско, имаш и филмско искуство. Каков беше тој пат за тебе, од каде почна и каде те однесе?

Решит: Бев на кастинг за „Трето полувреме“. Таму им викам „многу сум прецизен со топка“ и очекував поинаква улога, ама ражисерите си одлучуваат и ме ставија продавач на весници. Така се случи првото искуство, тогаш уште бев студент. После тоа, ме зедоа во реклама за горско пиво. Со тек на време почнаа да ме препознаваат, да ме бараат. За филмот „До балчак“ професорот на факултет дојде и ми рече „Ајде, пуштај брада, ќе играш во филм, ќе бидеш комита“. Е, тоа се случи една година пред да почне да се снима филмот. Јас знам дека ќе играм, но си викам, кога ќе биде. Затоа е глумата така интересна. Потоа имав и главни улоги, на пример во одличен македонски филм на режисерот Владимир Блажевски „Година на мајмунот“. Тоа прво искуство за главна улога малку ме уплаши, си викав како ќе издржам, дали ќе можам, и во тој поглед режисерот кој ми беше и професор беше многу опуштен и ми помогна многу со своите совети. Тој филм потоа, беше дел од многу фестивали во Србија, Хрватска, Босна и така добив улога во филм на многу познат режисер Горан Марковиќ од Србија, исто една од главните улога, се вика филмот „Делириум тременс“. Исто тоа е и серија  со 4 епизоди. Ликот што го играм се вика Џемо, по Џемаил Максут, тоа е покоен актер кој работел со истиот режисер во филмот „Вариола вера“. Играв и во серијата „Преспав“.

Gostivarpress.mk: Театарот и филмот се слична уметност, но имаат и големи разлики.  Кога излегувате на театарската сцена пред публика, тоа е крајниот производ – дали се греши или не, што се пренесува, едноставно тоа е тој клучен момент. Во снимањето филм пак, има сцени кои се враќаат по многупати. Целта е иста-да се донесе совршенство пред публиката. Како се справуваш сам со себе во такви моменти?

Решит: Многу ми е жал на снимање кога треба да повторувам сцени. Не за себе, туку  затоа што има луѓе кои држат микрофони на сонце, бели платна, светло и токму поради тоа, се обидувам од прва да погодам, да се заврши како што треба, да оди работата полесно и побрзо. Не е лесно, цел ден чекаш, чекаш. Мора да се покаже зрелост, ако актерот греши, целата работа се отежнува.

Gostivarpress.mk: Имаш само 35 години, но сепак доста улоги зад себе. Може ли да издвоиш која ти е омилена?

Решит: Па, омилена можеби улогата во„ Година на мајмунот“, ми лежеше текстот, некако се‘ природно си легна. Инаку, би играл се‘ и сешто. Комедијата ми е на прво место, но би играл и во трилери, психолошки филмови, некои вистински приказни, драми.

Gostivarpress.mk: Ако мораш да одбираш: театар или филм?

Решит: Ако баш морам, би одбрал театар. Но, тешко е да се одлучам. Затоа што за театар мора да си подготвен 100% за она што те очекува утре, а од друга страна со филмот секое снимање е еден вид нова проба.

Gostivarpress.mk: Како е да се биде актер во Гостивар?

Решит: Па, убаво чувство е. Луѓето имаат почит кон уметниците. Има и смешни случки. Кога бев студент, еден другар ми вика „брат ја гледаше рекламата за горско пиво, тој дечкото личи на тебе“, а јас му велам „јас сум тој“, и сега тој не ми верувам, мене ми беше незгодно.

Gostivarpress.mk: Како Береда го поминува слободното време?

Решит: Имам многу слободно време и многу сакам да одам на кафе, ама да не пијам кафе, да пијам пиво. И сакам да чистам по дома, да ми биде чисто.

фото:фејсбук/Береда Решит

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 6 минути

11 намирници за подобра циркулација

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена