Поврзи се со нас

Живот

ИНТЕРВЈУ со Д-р Виолета Зафировска Николовска, специјалист по семејна медицина

Датумот 19 мај се одбележува како Ден на семејните лекари, а овогодинешното мото гласи „Семејните лекари се секогаш тука за вас“. По тој повод направивме интервју со Д-р Виолета Зафировска Николовска од Гостивар, специјалист по семејна медицина, со која поразговаравме околу актуелните ризици за здравјето во пролетната сезона, ковид пандемијата, превенирање на болести и сл.

Објавено

на

„Пациентот треба да одбере доктор на кој ќе му верува“

Gostivarpress.mk: Периодов се случуваат чести нагли промени на временските прилики. Колку и на каков начин тоа има влијание врз здравствената состојба на луѓето?

Д-р Зафировска Николовска: Во последните десетина години сведоци сме на нагли временски промени. Годишните времиња се менуваат без преодни периоди, а дневните разлики на температурата понекогаш изнесуваат повеќе (15 – 20) целзиусови степени. Метеоролошките прилики имаат големо влијание на здравјето кај луѓето како кај нас така и кај готово половина од светската популација. Под метеоролошки фактори се подразбираат температурата и влажноста на воздухот, атмосферскиот притисок, дождовите, електричните празнења како и ефектот на ионизација. Човекот со години се прилагодува на ритамот на промена на времето меѓутоа во последните години поради брзите климатски промени и големите температурни разлики се повеќе имаме млади луѓе – метереопати. Младите стануваат се поосетливи, а кај старите и хронично болни се интензивираат симптомите од хроничните болести.

Сега периодов се случуваат чести и нагли временски промени. Секако негативно влијаат кај луѓето што се приметува и зачестеноста на пациентите во мојата ординација кои бараат помош и совети за промена на здравствената состојба која ја чувствуваат периодов томку поради промената на времето. Најчести се пациентите кои боледуваат од хронични болести. Симптомите кои се јавуваат се: замор, омалаксаност, промени во крвниот притисок, вторглавица, тешко дишење, промени на расположение, пореметување на сонот итн. Најчести совети за да се подобри здравствената состојба кај хроничните болни и останатите се: да се земе препишаната терапија кај хронично болните, доволно сон, да се биде физички активен, што е можно повеќе да се поминува времето на свеж воздух, што повеќе внесени витамини, да не се излегува на отворено кога е претопло, соодветна облека, тенка и светла и заштитни очила за сонце, да се избегнува стрес, внес на поголеми количини на вода и слично. Најважно од се е да се сфати дека и наглата временска промена е минлива.

Gostivarpress.mk: Напролет вообичаено здравјето е на удар на алергии, цревни заболувања, па се зборува за некој вид на пролетна депресија… На кој начин може да се подигне имунитетот, да се поттикне да се брани против ваквите пролетни ризици?

Д-р Зафировска Николовска: Точно во овој период од годината пролетта доаѓа, се покачуваат температурите и пролетта раззеленува, а со тоа почнуваат и алергиите. Загадениот воздух, издувните гасови, поленските зрна, домашната прашина, мувлата, животните, различните видови на храна или хемикалии предизвикуваат разновидни алергиски реакции кои доколку останат нетретирани можат да доведат до сериозни хронични проблеми со дишењето и развој на астма или да предизвикаат животно загрозувачки реакции. Сите овие фактори може да предизвикаат алергиски симптоми како кивање, чешање на грлото и носот, секреција на бистра воденикава течност и кашлање кои настануваат ненадејно и траат онолку долго колку што е пациентот експониран на алергенот. Често придружни симптоми се црвени и насолзени очи. Затоа е важно навреме да се заштитиме од алергиите на безбеден и природен начин. Пациентите кои знаат дека имаат алергии на пролет треба да се јават кај својот матичен лекар и во зависност од болеста да си ја отпочнат терапијата. Треба да се работи да се подигне имунитетот за полесно да се изборат со симптомите на алергијата. Треба да се избегнува престој во паркови, дворови каде што е голема концентрацијата на полен, да не се излегува без потреба после дожд или кога има ветер. Значи, еден од првите чекори од лекувањето и справувањето со алергиите ако е можно е избегнување на контактот со причинителот на алергијата. Исто така во овој период на годината и во наредните летни месеци имаме зголемен број на цревни инфекции. Најголема превенција од нив е хигиената на рацете, проверка на храната која се конзумира во квалитетот и рокот на траење, внимателна подготовка на храна, темелно миење на зеленчукот и овошјето и слично.

Gostivarpress.mk: Ковид пандемијата се уште официјално трае, а факт е дека последните две години имаше голем ефект врз целокупниот живот, телесното и психичкото здравје. Колку и како коронавирусот ги промени навиките на граѓаните во однос на грижа за себе си, односно за сопственото здравје?

Д-р Зафировска Николовска: Да, точно така. Вирусот се уште е присутен меѓу нас, но за среќа периодов е со помал интензитет, помал е бројот на заболени и во главно е со поблага клиничка слика. Во периодот за време на пандемијата, самата пандемија имаше голем ефект врз целокупниот живот, телесното и психичкото здравје. Коронавирусот ги промени навиките на граѓаните во однос на грижата за сопственото здравје. Зголемена е свесноста на граѓаните, за ова поволно влијаеја апелите до граѓаните од нас докторите, министерството за здравство иод медиумите. Пациентите кај нас доаѓаат со маски (има исклучоци кои се опоменети), држат растојание, прават превентивни и контролни прегледи. Секогаш се трудиме да ја подигнеме свеста кај луѓето за нивното здравје, да ги промениме нивните навики и да ги едуцираме. Иако се ослободени мерките во државата како и во светот, сепак апелираме да се држи некоја дистанца, исклучително каде што има поголем број на луѓе, хигиената да биде на високо ниво и да се вакцинираат тие што не се вакцинирани затоа што само со вакцинација се намалува ризикот на инфекција. Тоа важи и за останатите вакцини, посебно апел до младите родители, редовно да ги вакцинираат своите деца за да ги заштитат и нивните и другите деца.

Gostivarpress.mk: Бараат ли помош кај вас пациенти со подолгорочни постковид компликации и за какви проблеми најчесто станува збор?

Д-р Зафировска Николовска: Да, за жал бројот на пациенти кои што прележаа ковид инфекција беше доста голем. Има и такви кои што имаат подолгорочни постковид компликации. Некои доживееја инфаркти и мозочни удари , други пак имаат проблеми со белите дробови, некои се жалат на опаѓање на косата, некои имаат висок крвен притисок, болки во градите и грбот, замор, болки во зглобовите, а најчесто се жалат на несоница, вознемиреност, страв, вртоглавица, зуење во ушите или како што е популарно да се каже “имаат како магла во мозокот”.

Gostivarpress.mk: Кој е најчестиот совет кој им го давате на вашите пациенти?

Д-р Зафировска Николовска: Пациентите да се грижат за своето здравје, правилно и здраво да се хранат, добро да спијат, да пијат доволно вода, да имаат физичка активност, да избегнуваат стресови, тие што пушат цигари да прекинат, да престојуваат во природа на чист воздух итн. И секако да го посетат својот доктор еднаш годишно за превентивен преглед.

Gostivarpress.mk: Што според вас е најважно за градење доверба во релација доктор-пациент?

Д-р Зафировска Николовска: За да се изгради довербата во релација доктор – пациент потребна е токму таа доверба. Пред се, пациентот треба да си одбере доктор на кој ќе му верува, доктор кој ќе му биде достапен тогаш кога ќе му треба, доктор кој ќе го пречека со насмевка, со трпение и внимание да го ислуша проблемот на пациентот и заеднички колку што е можно да се реши истиот. А докторот има само една желба да се одржи максимално задоволството на пациентот.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена