Поврзи се со нас

Вести

Интервју со Ѓорѓи Божиноски – Спортски директор на КК Гостивар 2015

Објавено

на

Очите на љубителите на спортот и пошироката гостиварска публика, сезонава се вперени во Кошаркарскиот клуб Гостивар 2015. Од клубот, кој изминатите две години застана на стабилни нозе, се очекува да продолжи да реди успеси и победи. За предизвиците, актуелностите и плановите на КК Гостивар 2015 зборувавме со спортскиот директор Ѓорѓи Божиноски.

Ова е прво интервју со некој од управата на КК Гостивар 2015. Раскажете ни како дојде до идеја да се формира клубот?

– Гостивар е град на кошарката. После неколку години отсуство, на барање на голем број вљубеници во овој прекрасен спорт, група ентузијасти и успешни стопанственици застана зад овој амбициозен проект за враќање на кошарката во нејзиниот дом, спортска сала Младост во Гостивар. Раководството на клубот има долгорочен план за одржлив континуиран развој на клубот во сите негови сегменти со цел да ја вратиме врвната кошарка во Гостивар и возбудувањата кои таа со децении им ги носеше на гостиварци.

Ова е веќе втора сезона на натпреварувања. Со какви се предизвици се сретнавте додека го издигнавте клубот до ова ниво? Како се развиваше клубот во досегашниов период?

– Изминатите две години беа исполнети со напорна работа, а со цел да се постави клубот на здрави темели. Проблемите со кои се соочувавме се бројни и од различен карактер. Сепак, континуиран проблем претставува лошата состојба во која се наоѓа спортска сала Младост. Иако се обидуваме со ад хок решенија да ги подобруваме условите, овој некогаш репрезентативен спортски објект е зрел за темелна реконструкција. Истото ќе биде неопходно да се направи со цел да клубот го искачиме на повисоко ниво. Основата постои, се работи за се` уште една од најфункционалните спортски сали во Македонија, меѓутоа е неопходно да се интервенира во проблемите со протекувањето и загревањето на салата како и неопходноста да се инсталира соодветен под (паркет) за салата да ги исполни условите за највисок степен на натпреварувања.

Од друга страна, развивањето на спортскиот сегмент на клубот оди според планираното како во организациски смисол така и во натпреварувачки. Од ден на ден ги подобруваме капацитетите, а со тоа и резултатите во сите категории во кои се натпреваруваме.

Низ минатото костурот на тимот главно го сочинуваа гостиварски кошаркари, дали ќе го продолжите овој стил – да “форсирате” млади таленти од Гостивар.

– Една од основните цели на формирањето на клубот беше да го вратиме имиџот на кошаркарски расадник. Да потсетиме дека плод на гостиварската школа на кошарка се и сегашните репрезентативци Стојан Ѓуроски и Марјан Јанески, доскорешниот селектор Марјан Србиноски како и Генералниот секретар на КФМ Моника Гаврилоска. Исто така, браќата Ренато и Роберт Димитриески (поранешни младински репрезентативци) кои во последниве две години се темелот околу кој се гради играчкиот состав на КК Гостивар 2015 и се продукт на нашата кошаркарска школа. Да не го заборавиме и еден од најголемите таленти во македонската кошарка Виктор Ефремоски кој моментално е член на КК Работнички. Оваа сезона се натпреваруваме и во младинска конкуренција и начиот тим во М-18 конкуренција е досега без пораз со скор од 6 победи на 6 натпревари. Амбициите за во иднина се далеку поголеми и веќе од следната година буџетот за младинска кошарка ќе биде значително зголемен со што на сите талентирани млади кошаркари и на оние кои ќе сакаат да се бават со кошарка ќе им бидат овозможени одлични услови за тоа.

Да се вратиме во сегашноста. Тренерот Мирко Петрески и екипата првиот дел го одиграа без пораз со одлична кош разлика. Што да очекуваме во вториот дел од сезоната?

– Продолжување на низата на победи во втора лига и надмоќно освојување на првото место. Екипата на Радовиш со влез на моќен спонзор значително се засили за вториот дел, но тешко дека тие или било кој друг може да не спречи во освојувањето на прво место и пласман во прва лига.

Како сте задоволни од поддршката? И се враќа ли полека гостиварската публиката на кошарката?

– Гостиварчани ја сакаат и ја знаат кошарката. Поддршката се зголемува во континуитет а успешните настапи само помагаат во оваа насока. Сепак се работи и за навика и сигурни сме дека наскоро салата Младост пак ќе биде епицентар на случувањата во градот, а кошарката главна тема на муабет во чаршијата, училиштата и по домовите.

Дали се планирани нови појачувања во вториот дел или верувате во овој тим?

– Не. Ние работиме долгорочно и сегашниот тим е селектиран уште летоска и работи интензивно по програма која дава одлични резултати. Постои и одлична хемија помеѓу играчите. Едноставно, зошто би менувале екипа која оваа сезона нема доживеано ниту еден единствен пораз во сите такмичења? Играчите и стручниот штаб имаат максимална доверба и поддршка од управата на клубот која континуирано работи на подобрување на условите кои тимот ги има на располагање.

Како го гледате КК Гостивар 2015 во иднина?

– Стабилен прволигаш и расадник на млади таленти кои успешно го претставуваат градот во Македонија и надвор од неа.

За крај, Вашата порака до играчите и гостиварската публика?

– За играчите пораката е секогаш иста, да продолжат да го даваат својот максимум на секој тренинг, да се почитуваат меѓусебно и да го почитуваат противникот на терен. Нашата цел во сите категории е да продуцираме не само кошаркари туку и личности со кои нивната поблиска околина и град Гостивар ќе се гордеат. На публиката пред се и благодариме што се врати во спортската сала Младост. На куп натпреварот со Вардар имавме преку 1.200 гледачи што е најголема посета на некој натпревар во Македонија во било кој ранг на натпреварување оваа сезона вклучувајќи и регионалните АБА и БИБЛ.

Гостивар е град на кошарката, гостиварци ја знаат кошарката и го ценат сето она што го правиме. За крај она што можеме да им го ветиме на гостиварци и на целата македонска кошаркарска јавност е пожртвувана борба против секој противник, на секој дел од теренот и за секоја топка… Ве очекуваме во спортската сала Младост!

Gostivarpress.mk

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 10 часа

(Фото) Еве што најде полицијата во ординацијата на надрилекарот во Врапчиште

Македонијапред 12 часа

Градежните фирми лани потрошиле 11,123 милијарди денари за градежни материјали и енергија

Спортпред 13 часа

Алкараз физички не издржа, Ѓоковиќ во финалето на Роланд Гарос

Гостиварпред 14 часа

Си товареле инвентар од обложувалница без да знае бизнис партнерот, приведени пет лица во Гостивар и еден во Тетово

Гостиварпред 15 часа

Од утре онлајн аплицирање за упис во средно

Гостиварпред 16 часа

Малолетник фатен со марихуана ноќеска на улица во Гостивар

Гостиварпред 17 часа

Државата има правни механизми за раскинување на концесиите за мали хидроцентрали во Маврово, порачува Еко свест

Гостиварпред 18 часа

Уапсен надрилекар во Врапчиште – Најдени апчиња, пари, медицински белешки во неговата лажна ординација

Гостиварпред 19 часа

Спортски игри за основците во Гостивар: Влечеа јаже, скокаа во вреќи, додаваа топка…

Гостиварпред 3 недели

Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ

Гостиварпред 4 недели

Продавале девојче за 50 до 200 евра, меѓу уапсените има и од Гостивар

Вестипред 3 недели

Планинско велосипедска тура „МТБ Маврово 2023“ – Во тек е пријавување

Гостиварпред 4 недели

Тамара од Гостивар ќе ја претставува Македонија на Јуниорскиот Евросонг!

Писмапред 2 недели

ПИСМА: Граѓани од Гостивар реагираат на небезбедно градилиште

Гостиварпред 2 недели

ПИСМА: Стотина родители инсистираат на целодневна настава во ОУ „Гоце Делчев“ Гостивар

Гостиварпред 2 недели

30 дена притвор за гостиварецот пријавен за сексуално вознемирување на малолетната внука

Гостиварпред 3 недели

Во Гостивар утре хит комедијата „Обвинителка“ со легендарната Лидија Вуќичевиќ

Гостиварпред 4 недели

Група граѓани од Гостивар со поддршка за Реџеп Таип Ердоган

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена