Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Интервју со Медат Куртовски, кандидат за градоначалник на Маврово и Ростуше од СДСМ

Медат Куртовски на овие Локални избори 2022 бара втор градоначалнички мандат во Општина Маврово и Ростуше, како кандидат на СДСМ. Програмата со која настапи пред гласачите е наречена „Најдоброто за Маврово и Ростуше“. Во неговата биографија стои дека е роден на 2 декември 1979 г. во Скудриње каде и живее, оженет и татко на две деца. Дипломирал на смерот англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. После завршување на факултетот работел како професор по англиски јазик во повеќе основни училишта. Во ноември 2017 стана градоначалник на општината.

Објавено

на

Медат Куртовски, Маврово и Ростуше, СДСМ

„Во вториот мандат ќе направиме уште повеќе проекти и услови за подобар живот за нашите сограѓани“


Gostivarpress.mk: Што ве мотивираше по вторпат да се кандидирате за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше?

Медат Куртовски: Јас сум роден, пораснав и живеам тука, го сакам мојот роден крај и желбата е голема оваа општина да ја  развиеме во модерна и напредна општина. Во изминатиот мандат реализиравме многу проекти кои се од значење за сите граѓани и за сите населени места. Со сопствени средства но и со поддршка на централната власт навистина се реализираа многу проекти. Во овој момент, исто така се реализираат повеќе проекти кои се од суштинско значење за нашите граѓани. Јас верувам дека во вториот мандат, со знаењето и искуството кое што го стекнав во изминатиот период ќе направиме уште повеќе проекти и услови за подобро живеење за нашите сограѓани. Имаме максимална поддршка од централната власт и верувам дека можеме да направиме уште многу работи кои ќе бидат од значење и добробит за сите граѓани. 

Gostivarpress.mk: Кои капитални проекти се зацртани во вашата програма и со кој ќе започнете доколку го добиете градоначалничкото место?

Медат Куртовски: Во нашата програма за работа имаме планирани проекти кои се предложени од страна на граѓаните на нашата општина. Има повеќе проекти за секое населено место, но она што како капитални проекти кои што ќе се реализираат ќе бидат реклнструкција на основното училиште „Хајан Селмани“ во Ростуше, канализациона мрежа во Маврови Анови, паркинг простор во Требиште, водоводна линија во Аџиевци, реконструкција на локалниот пат во село Маврово како и решавање на потребата со снабдување со вода на селата околу Мавровското езеро. За поголем дел од проектите веќе се обезбедени финансиски средства и јас верувам дека со сигурност ќе ги реализираме нашите проекти во следните години. 

Gostivarpress.mk: Изборите за прв човек на О. Маврово Ростуше лани пропаднаа поради немање цензус. Сметате ли дека на 20 август ќе бидат успешни и каков исход очекувате?

Медат Куртовски: Општина Маврово и Ростуше, особено реканскиот крај е познат како печалбарски крај и поголем дел од населението живее во западноевропските земји и тука доаѓа за време на летниот одмор. Минатиот пат изборите беа во октомври и тогаш луѓето не се тука и заради тоа немаше цензус. Со оглед на фактот дека сега поголемиот број на населението е тука сметам дека овој пат ќе биде постигнат цензус и дека ќе биде избран градоначалник на општината.

Gostivarpress.mk: Жителите на Маврово, Маврови Анови, Леуново и Ниќифорово во неколку наврати протестираа и реагираа дека недоволно се инвестира и води грижа за овие места иако поголемиот дел од средствата во општинската каса доаѓаат преку комуналиите и таксите од овој регион. Јавно искажаа незадоволство од снабдувањето со вода, урбанизмот, локалните патишта, уништување на природата, неконтролирана сеча на шумите, загадување на езерото. Кои чекори ќе ги преземете по ова прашање?

Медат Куртовски: Во изминатиот период се реализираа проекти и во овој дел на нашата општина. Се прошири и реконструира патот од Маврово до Ниќифорово, а обезбедени се средства за проширивање и на патот од Ниќифорово преку Леуново до Бунец. Во завршна фаза е и патниот правец Маврово Анови – Жировница. Со општински средства се реклнструира паркингот во село Маврово и уште три улици кон угостителските комплекси. Со жителите и месните заедници од овие населени места како и со менаџментот на јавното комунално претпријатие сме во постојана комуникација за решавање на потребите ро редовно и квалитетно водоснабдување. Во општинскиот буџет за оваа година предвидени се средства за санирање на каптажите за вода како и за зафаќање на нови извори и во село Леуново и во село Маврово. Моментално се прават проектите кои потоа ќе бидат тендерирани и реализирани. Во завршна фаза е проектирањето а обезбедени се средства за изградба на канализациона мрежа во населбата Маврови Анови со што ќе се реши децениски проблем и ќе се спречи загадувањето на езерото. 

Gostivarpress.mk: Дали очекувате нови инвестиции и отворање на нови работни места и во следните 4 години во Општина Маврово и Ростуше?

Медат Куртовски: Ние како локална самоуправа правиме се што е во рамки на нашите можности да привлечиме инвестиции. Изработивме ажурурани геодетски подлоги за урбанизирање на населбата Маврови Анови како и за зоната под село Скудриње и Аџиевци како места погодни за обезбедување услови за инвестирање. Тие постапки ќе ги продолжиме до конечна реализација за најбрзо да обезбедиме понуда за инвестирање. Најмногу што треба да се фокусираме е на инвестиции во областа на туризмот затоа што нашата општина има услови за туризам преку целата година а не само во зимскиот период.

Gostivarpress.mk: Кој е Медат Куртовски приватно?

Медат Куртовски: Приватно јас сум како и сите други луѓе. Живеам во село Скудриње. По професија сум професор по англиски јазик и литература со 12 години работно искуство во образовниот процес. Оженет и тако на две ќерки. Сакам да се движам во природа, да ја истражувам мојата општина. Се трудам да помагам на секој еден човек за било каква потреба и верувам дека доколку заеднички се помагаме ќе одиме напред. 

Gostivarpress.mk: Ваша порака до гласачите..

Медат Куртовски: Во изминатиот мандат, и покрај периодот на пандемија успеавме да реализираме многу проекти, скоро во секое населено место најмалку по еден капитален проект. Во иднина ќе продолжиме со посилно темпо затоа што знаеме како и ја имаме поддршката од сите институции. Ги повикувам граѓаните на 20 август да го заокружат бројот 1 на гласачкото ливче за да ги продолжиме проектите за развој на нашата општина. 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена