Поврзи се со нас

Вести

Интервју со Менсур Јакупи – Тренер на ФК Гостивар

Објавено

на

Доаѓа од новата генерација на фудбалски тренери со УЕФА Про лиценца во македонскиот фудбал. Беше селектор на младинските селекции до 17 и 19 години. Последните неколку години е на клуата на гостиварскиот второлигаш ФК Гостивар, каде бележи добри резултати. Во секоја ситуација е расположен и подготвен да одговори на медиумите во врска со фудбалот.

За фудбалот во Гостивар, за плановите и амбициите на клубот во претстојната сезона разговараме со шефот на стручен штаб на ФК Гостивар, Менсур Јакупи.

Вие сте еден од ретките, ако не и единствен тренер со УЕФА Про лиценца во Гостивар. Што овозможуваа таа лиценца и како стигнавте до неа?

– Да, со оваа УЕФА Про лиценца може да се работи низ цел свет, односно во сите држави кои се членки на УЕФА и ФИФА. Лиценцата се добива преку едукативниот центар на Фудбалската федерација на Македонија која ги има сите три нивоа Б, А и Про лиценци.

Од кога сте на клупата на ФК Гостивар?

– Во ФК Гостивар сум 2,5 години. Ја презедов екипата сезона 2015/2016 во пролетниот дел.

Какво е вашето гледање на фудбалот во Гостивар воопшто, ги има ли градот сите потребни услови и капацитети за работа? Има ли Гостивар фудбалски таленти?

– Фудбалот во Гостивар последниве 4-5 години се развива на задоволително ниво. Од оваа сезона освен ФК Гостивар ќе имаме уште една екипа во Втора лига, екипата на Генч Калемлер од Долна Бањица. Ова е од големо значење за нашиот град. Се отвора голема можност на младите талентирани фудблери да се докажат и развијат во професионални фудбалери.

Минатата сезона стигнавте до бараж, за малку не успеавте да влезете во Првата МФЛ. Кои се целите и очекувањате на ФК Гостивар за следната сезона?

– Минатата сезона беше добра сезона за нас, бевме многу блиску преку бараж да влеземе во Прва лига. Оваа сезона се надеваме на директен пласман во најелитното фудбалско натпреварување.

Каква е финансиската состојба во клубот? Може ли да очекуваме сериозни фудбалски имиња во ФК Гостивар?

– Финансиската состојба во клубот е задоволителна. Во моментов само општина Гостивар не финансира, но претседателот на клубот Висар Адеми прави напори да привлече и приватен капитал. Се надеваме дека и во иднина ќе имаме стабилна финансиска состоја.

Може ли во Гостивар и во Република Македонија да  се живее од фудбал?

– Во моментов има само два клуба во државава кои се финансики моќни тоа се Шкендија и Вардар. Другите клубови се далеку од нив и тешко дека кај нас може да се живее само од фудбал.

Според вас кој е најдобар фудбалски тренер во државава и кој е најдобар стратег на светот?

– Во Македонија има многу квалитетни фудбалски тренери, во моментов би го издвоил Ќатип Османи кој со Шкендија освои двојна титула. Исто, низ светот има добри тренери што е тешко да се издвои кој е најдобар. Но, му давам мала предност на Пеп Гвардиола.

За крај, што ќе им порачате на љубителите на фудбалот во Гостивар?

– Им порачувам на родителите да ги насочуваат децата кон спортот, да ги запишуваат во фудбалската школа на ФК Гостивар. Компаниите и бизнисмените да се вклучат во поддршка на фудбалот. И љубителите на фудбалот повеќе да бидат присутни на фудбалските натпревари на ФК Гостивар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати за Врапчиште со обработени 92% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Резултати од ДИК за гласањето во Гостивар со обработени 69% од избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Максим Димитриевски, кандидат за претседател од ЗНАМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Изјава на Арбен Таравари, кандидат за претседател од ВЛЕН

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Билјана Ванковска, кандидатка за претседател на државата од ЛЕВИЦА

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Бујар Османи од ДУИ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стевчо Јакимовски од ГРОМ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на Гордана Силјановска Давкова, кандидатка за претседател од ВМРО-ДПМНЕ

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Изјава на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски од СДСМ

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена