Поврзи се со нас

Локални избори 2022

Интервју со Мевмед Џафери, кандидат за градоначалник на Маврово и Ростуше од ВМРО ДПМНЕ

Мевмед Џафери на Локалните избори 2022 ја бара довербата од граѓаните за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Неговата изборна програма е наречена „Создади нова иднина – промени, проекти, победи“. Мевмед Џафери е роден 1981 година, оженет е и татко на две деца. Дипломирал на Медицински факултет во Скопје, каде специјализирал педијатрија. Постојано живее во долнореканското село Скудриње, а од 2010 година работи во Здравствен дом „Русе Бошкоски“ во Ростуше.

Објавено

на

Мевмед Џафери, Маврово и Ростуше, ВМРО-ДПМНЕ, mevmed

„Граѓаните ќе ги поразат погубните политики и ќе ја дадат довербата во сигурни раце“


Gostivarpress.mk: Што ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше?

Џафери: Непотизмот од самиот почеток на мандатот на актуелниот градоначалник, фамилијарните вработувања на локалните функционери на СДСМ Маврово-Ростуше, безидејноста и несакањето да се решаваат приоритетните проблеми на граѓаните на Маврово и Ростуше, партизацијата во сите државни институции, правењето делба на нивни и неподобни, и најболната точка иселувањето кое е во најголем подем последните 4 години. Едноставно пустошењето на Реканскиот крај.

Gostivarpress.mk: Кои капитални проекти се зацртани во вашата програма и со кој ќе започнете доколку го добиете градоначалничкото место?

Џафери: 1. Изградба на потпорни ѕидови и санација на новиот локален пат за с. Скудриње.
2. Изградба на училишна зграда за потребите на ОУ во с. Ростуше.
3. Нов пристапен пат за с. Требиште.
4. Нова водоводна линија за с. Аџиевци.
5. Уредување на речно корито во с. Жировница.
6. Мавровскиот регион ќе добие нови пешачки патеки, нови водоводи, уредени улици како и многу други проекти преку кои ќе се подобри животот на сите граѓани.

Gostivarpress.mk: Изборите за прв човек на Општина Маврово Ростуше лани пропаднаа поради немање цензус. Сметате ли дека на 20 август ќе бидат успешни и каков исход очекувате?

Џафери: Изборите пропаднаа поради изгубената надеж на младите кои буквално преку игнорирањето од страна на власта беа принудени да го напуштат својот роден крај и да заминат во туѓина за подобро утре за себе и за своите деца. Се надевам дека на 20-ти овој месец ќе го има потребниот цензус и граѓаните ќе гласаат за промени и решенија за Маврово и Ростуше.

Gostivarpress.mk: Жителите на Маврово, Маврови Анови, Леуново и Ниќифорово во неколку наврати протестираа и реагираа дека недоволно се инвестира и води грижа за овие места иако поголемиот дел од средствата во општинската каса доаѓаат преку комуналиите и таксите од овој регион. Јавно искажаа незадоволство од снабдувањето со вода, урбанизмот, локалните патишта, уништување на природата, неконтролирана сеча на шумите, загадување на езерото. Кои чекори ќе ги преземете по ова прашање?

Џафери: Проблемот околу дивоградбите и незадоволството во Мавровскиот регион го создаде актуелната локална власт и нивното незнаење да се справуваат со проблемите кои произлегуваат од незаконското носење на АУП-ите, плановите за една парцела, а кои најповеќе се по партиски наредби на СДС и нивните структури, со кои го раскрчмија државното земјиште во мавровскиот регион, целата нивна енергија ја насочија на таа тема и воопшто немаат слух за реалните проблеми на народот, 0 денари инвестиции во суштински потреби на жителите од Мавровскиот регион… Верувам дека овој пат жителите на Општина Маврово и Ростуше, ќе ги поразат досегашните погубни и неуспешни политики на актуелната локална власт, и ќе ја дадат нивната доверба во безбедни и сигурни раце и од првиот ден од стапување на мојата функција целата енергија ќе биде насочена кон решавање на сите проблеми кои досега се сокриваат од страна на оваа актуелна власт, која за волја на вистината и сама знае дека не ги бидува и затоа сите проблеми ги сокриваат како да не постојат.

За Мавровскиот регион направена е целосна анализа знаеме точно што му треба, со какви проблеми се соочува, кои се решенијата кои ги нуди нашата програма. И цврсто верувам дека поголемиот дел од тие проблеми ќе бидат решени во мандатот доколку ни го дадат нашите граѓани.

Gostivarpress.mk: Дали очекувате нови инвестиции и отворање на нови работни места и во следните 4 години во Општина Маврово и Ростуше?

Џафери: Еден од мотивите да се кандидирам за Градоначалник на Општината е привлекување на инвестиции од нашата диjаспора и нашите успешни бизнисмени, да им овозможиме својот капитал да го реинвестираат тука во родниот крај. Преку обезбедување добри услови, мини индустриски зони, со помош на Општината веруваме дека ќе се изградат неколку производствени погони во кој ќе имаат можност да се вработат наши сограѓани и сограѓанки.

Gostivarpress.mk: Кој е Мевмед Џафери приватно?

Џафери: Мевмед Џафери е скромен и дружељубив човек, кој 24 часа во денот е доктор и подеднакво достапен за сите луѓе.

Gostivarpress.mk: Ваша порака до гласачите..

Џафери: Одберите промени, проекти и решенија. Приклучите се кон нас и заедно да го направиме Маврово и Ростуше подобро место за живеење, да го направиме Маврово и Ростуше Европско со многу нови работни места, да го задржиме народот тука и заедно да градиме нова и подобра иднина за сите нас.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена