Вести Гостивар
Интервју со Моника Гаврилоска – „Жените спортисти се исправени пред многу предизвици врзани со родовата еднаквост“


Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март го искористивме како повод за интервју со гостиварката Моника Гаврилоска, жена спортист со успешно заокружена спортска кариера, борец за родова еднаквост и актуелен генерален секретар на Македонската кошаркарска федерација.
Како кошаркарка зад себе имате плодна и богата интернационална кариера. Да се навратиме малку на вашите почетоци, првите искуства со теренот и обрачот и соочувањето со спортските предизвици…
– Многу емоции навираат секогаш кога ќе ми се постави ова прашање поврзано со детството, Гостивар, припремите на кејот на Вардар. Спортот уште од мала беше на највисокото место на приоритети во животот, но на почетокот повеќе ме привлекуваа индивидуалните спортови, како карате, тенис, скијање. На почетокот на деведесеттите потребни беа убедувања и една цела режија на мојот прв тренер, педагог и голем фамилијарен пријател, Јане Петрески заедно со моите родители да смислат како да ме убедат да се приклучам на тренинзите на тогашниот КК МЕГО-Гостивар. А понатаму веќе се` се одвиваше како на филм, прво во Скопје, а потоа следуваа ангажмани за екипи од Грција, Германија, Унгарија, Словенија, Бугарија, Австрија и Кипар. Така се до 2015 година, кога и официјално ставив крај на својата професионална кариера.
Кој е и каков е патот до успехот за една жена која професионално се занимава со спорт?
– За жал кај нас условите и можностите целиот тој пат го прават да биде трновит и тежок, во споредба со колешките од другите европски земји. Можеби јас ја имав таа среќа да бидам дел од таа генерација која колку, толку почувствува како е да се биде дел од професионални клубови и поорганизирани раководства, кои се обидуваа да ги следат колегите од машката кошарка, па некако париравме и ние на нашите колеги. Денес, за жал само може да констатираме дека да се биде спортистка во Македонија освен одржувањето на физичката кондиција, не би можело никаков друг бенефит или перспектива да пружи на талентираните девојчиња.
Низ кариерата имате играно во Македонија, Грција, Словенија, Унгарија, Германија, Бугарија, Кипар. Каде се чувстувавте најдобро како спортист и каде ве почитуваа најмногу како жена?
– Почитта според мене се заслужува, здобива, гради. Таа нема никаква врска со тоа на кој пол припаѓаме, туку со тоа какви луѓе сме. Од секаде фала му на Бога имам прекрасни спомени и пријатели со кои и ден денес сум во постојан контакт.
Околу Денот на жената, 8-ми Март секогаш се актуелизираат теми околу родовата еднаквост и положбата на жените во општеството. Кои се вашите ставови за овие прашања?
-Тема за која би можела многу да Ви зборувам, бидејќи и самата сум членка на група за родова еднаквост, која во изминатите години навистина многу се труди да ја разбуди јавноста, политичарите и ги запознае со проблемите и предизвиците со кои секојдневно се соочуваат спортистките кај нас. Горда сум и на мојот ангажман за подобрување на условите во женската кошарка, преку константното форсирање на женските репрезентации, делегати, судики и секако зголемениот број на жени вработени во куќата на кошарката. Еве токму еден таков проект беше и осмо мартовската акција во која беа вклучени најмалите девојчиња, заедно со сите жени кои директно или индиректно се вклучени во женската кошарка.
Состојбата во македонската репрезентативна кошарка не е баш на посакуваното ниво. Мажите играа предквалификации во понизок ранг, жените не ги ни пријавуваа изминативе години, во последните евроквалификации не запишаа ниедна победа. Има ли некаква стратегија за напредок МКФ?
– Успехот не доаѓа преку ноќ, за тоа треба многу време и трпение од сите, МКФ, тренерите, новинарите и целата македонска јавност. Нормално е што има ваков пад, поготово што златната генерација на кошаркари повеќе не е во погон, а младите кои требаше да бидат нивни наследници во изминатите години беа повеќе навивачи на клупа во своите клубови, отколку актери на терен. Со новото правило на 3-ца домашни играчи тоа се промени, но ќе треба време за да се врати самодовербата кај нив.
Кај женската кошарка ситуацијата е уште полоша, непрофесионалниот однос во клубовите се рефлектира кога ќе се соочиме со останатите репрезентации. Нашите тренираат едвај 2 до 4 пати неделно, а противниците истото го тренираат во еден ден. На тој начин резултатот се знае однапред. Дуел на аматерска со професионалнна кошарка е тоа. Радува податокот што многу девојки уште од млада возраст се одлучија да заминат надвор, така да има иднина доколку ќе повторам, сите заедно бидеме трпеливи и ја дочекаме.


Гостивар несебично донира за погодените од земјотресот во Албанија

Двајца гостиварци и лице од кичевско извршиле 17 тешки кражби

Гостиварка касната од куче скитник

Совет Гостивар: Усвоени одлуки за легализација, финансии, работа на ЈП за паркинг и зеленило

Оваа сабота ќе биде работен ден за јавната администрација

Гостиварец фрлил чанта со дрога во двор

Села во гостиварско денес ќе останат без струја неколку часа

Укинат Законот за зелени пазари кој предвидуваше лиценци за пазарџиите од 2020-та година

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова двонеделна акција” (02.12.19 до 15.12.19)

Од полноќ, дизелот поскапува за половина денар

Силен земјотрес со епицентар во Албанија го стресе Гостивар

Доделени субвенциите за ПВЦ прозорци, од Гостивар на листата се само три

Монтенегро “Choco Festival 2019” – Гостивар царство на чоколадните уживања

Во сабота ММА спектакл во Гостивар

КК Гостивар лесно до победа против МЗТ 2 (76:106)

КК Гостивар денеска му гостува на МЗТ 2 во Скопје

Голема прослава за голем јубилеј 70 години постоење – НП Маврово воодушевува и инспирира

КК Гостивар го „стопи“ и Еуроникел 2005 (94:87)

Фајт, крв и радост на ММА fight night 2 во Гостивар (фото и видео)

„Пеколниот“ Гостивар преку Кожув до врвот на табелата 81-71

ФОТО ВЕСТ: За прв пат изложба на стари фотографии во Саат кулата

Есенски пазар со украсени плодови во градинките во Гостивар (фото)

КК Гостивар ја прекина победничката серија на шампионот (80:78)

Од Гостивар испратени пораки за соживот, еднаквост и разбирање
Популарно
- Што, како, каде?!пред 1 недела
МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ “Нова двонеделна акција” (02.12.19 до 15.12.19)
- Писмапред 3 месеци
Изгубен е сијамски мачор во Гостивар, да помогнеме да се врати дома!
- Што, како, каде?!пред 3 месеци
Во Гостивар утревечер премиера на „Јас сум“ – претстава за предизвиците и талентите на лицата со оштетен вид
- Вестипред 1 месец
„Пеколниот“ Гостивар преку Кожув до врвот на табелата 81-71
- Гостиварпред 3 месеци
„Можеби не гледам со очите, но гледам со срцето“, порача 15 годишната гостиварка Елиза
- Гостиварпред 3 месеци
Од Гостивар испратени пораки за соживот, еднаквост и разбирање
- Гостиварпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Ден без автомобили во Гостивар
- Бизниспред 2 години
Центар за моторни возила – Гостивар