Локални избори 2022
Интервју со Невзат Бејта, кандидат за градоначалник на Гостивар од ДУИ
Невзат Бејта на Локалните избори 2021 ја бара довербата од граѓаните за градоначалник на Гостивар како кандидат на ДУИ. Неговата изборна програма е наречена „Гостивар кој го сакам“ и е подготвена во соработка со истоимената граѓанска иницијатива. Во биографијата на Бејта пишува дека е роден на 19 октомври 1961 г. во с. Дуф, Гостиварско. Дипломирал на Приштинскиот универзитет – Филозофски факултет, на отсекот Историја. Како професор работел во ОУ „Прпарими“ во село Чегране и во гостиварската гимназија. Беше пратеник во Собранието од 2002 до 2005 година и министер за локална самоуправа во периодот 2011-2013 година. Два пати беше градоначалник на Општина Гостивар, од 2005 до 2009 г. и од 2013-2017 година. Потпретседател е на ДУИ.
„Влегов во избори за граѓаните и за Гостивар, со задоволство ќе им служам“
Gostivarpress.mk:
Што ве мотивираше да се кандидирате за градоначалник на Општина Гостивар?
Невзат Бејта:
Најпрво благодарам на поканата за интервју од вашиот многу почитуван медиум. Во врска со вашето прашање, неколкупати јавно кажав дека единствениот мотив што ме поттикна да влезам во изборната трка се граѓаните и градот Гостивар. Најубавиот дел од мојата кариера го имав во мојата професија, наставник. А сум бил пратеник, министер, градоначалник.
Gostivarpress.mk:
Кампањата за Локалните избори веќе изминува. Кога разговаравте со граѓаните и ја баравте нивната доверба, што им велевте, зошто треба да го дадат својот глас за вас, што ве чини поразличен, подобар од вашиот противкандидат?
Невзат Бејта:
Градот Гостивар е чудо сам по себе. Мал е колку што е голем. Ние, гостиварчани, претежно се познаваме меѓу себе. Убав мозаик сочинуваат различните верски заедници и етникуми. Гостивар го карактеризира хармонија и соживот. Ова е најголемото богатсво што го имаме како општество. Јас сум долго време на политичката сцена и нема населба, село или семејство што не го знам. Со граѓаните на Гостивар разговарам како член на семејството, пријател или сосед. Програмата за „Гостивар кој го сакаме“ го вклучува секој дел од градот и општината. Би ги издвоил фасадата и топлинската изолација на старите колективни згради во градот, изградбата на новиот рекреативен спортски центар, изградбата на четвртиот мост на реката Вардар и отворањето на булеварот „Браќа Ѓиновски“. Да бидам искрен, лесно е да се ветува, но тешко е да се материјализираат тие проекти. Ние бевме внимателни во планирањето на програмата и предвидовме проекти кои се остварливи. Моето минато како градоначалник докажува дека ги исполнив моите предизборни ветувања. Станува збор за сеопфатна програма која ќе се реализира со општинскиот буџет, владина поддршка и надворешно финансирање.
Gostivapress.mk:
Најискрено и најреално, издвојте еден поважен проект за којшто во овој момент сте 100% сигурни дека ќе го реализирате доколку го освоите градоначалничкиот мандат. Како јавно ветување за кое граѓаните може да ве држат за збор.
Невзат Бејта:
Го спомнав и во претходното прашање. Од првиот ден од владеењето приоритет ќе ни биде чистење на Гостивар од дивите депонии, отстранување на кучињата скитници и враќање на јавната чистота во градот. Долгорочно, би го издвоил проектот за отворање на булеварот, но и решение на проблемот со депонијата Русино, аерозагадувањето, отстранувањето на казината од централниот дел на градот, зелените површини и регулација на сите сообраќајници во градот и околните населби.
Gostivarpress.mk:
Да сте обичен граѓанин, а не кандидат за градоначалник, кои би биле вашите барања од општинското раководство на Гостивар?
Невзат Бејта:
Да бидам искрен до крај. Бев и обичен граѓанин и градоначалник. Сум бил на чело на општината и од страната на народот. Моето минато покажува дека сум скромна личност и како дел на власта и како граѓанин. Се трудам да ја избегнам дистанцата со народот и да не се издвојувам од мнозинството. Сега да се вратам на вашето прашање. По природа сум принципиелен, дисциплиниран, точен и како таков ја разбирам должноста на градоначалникот. Значи принципи, работа, дисциплина, точност, посветеност и позитивна енергија. Тоа се вредностите што треба да ги има секој раководител на јавните институции. Со еден збор ја мразам анархијата.
Gostivarpress.mk:
Каков изборен резултат очекувате во недела?
Невзат Бејта:
Демократијата е највисоката вредност во општественото организирање. Граѓанинот зборува преку гласање на денот на изборите. Гостиварчани имаат привилегија пред да одлучат за кого ќе гласаат затоа што имаат кандидати – сегашен градоначалник, и јас кој сум поранешен градоначалник. Така, граѓаните лесно можат да направат разлика кој работи за градот и граѓаните на Гостивар. Кој им служел најдобро. Кој дава се‘ од себе за доброто на градот и граѓаните на Гостивар. За мене не е замор и мака да работам како градоначалник, тоа го правам со најголема желба, затоа што задоволство ми е да им служам на граѓаните. Значи, граѓаните пред себе имаат кандидат кој самиот тврди дека му е смачено да се кандидира за општина Гостивар и друг кандидат кој има позитивна енергија, волја, храброст и желба да биде во служба на градот и граѓаните на Гостивар. Во вториот круг секако очекуваме убедлива победа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Голем интерес! Гостиварци уживаа во кино под отворено небо
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Професионална масажа и физиотерапија „ФИЗИО БЕТИ“ нов салон во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Водата од водоводот во Гостивар загадена со бактерии, не е безбедна за пиење
-
Гостиварпред 3 месеци
Во ОВР Гостивар пријавена измама од адвокати за купопродажба на имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент при работна акција за уредување на црквата „Св.Петка“ во Галате
-
Гостиварпред 2 месеци
Трагедија во Гостивар: Дете починало на фудбалски тренинг
-
Гостиварпред 1 месец
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија