Интервју
Интервју со Никодин Велјаноски, потпретседател на Македонското Физиотерапевтско Здружение
„Зафатени со обврски, луѓето не одржуваат психо-физичка кондиција!“
Во пресрет на Светскиот ден на физиотерапевтите, 8-ми Септември, направивме интервју со гостиварецот Никодин Велјаноски, спец.физиотерапевт, потпретседател на Македонското физиотерапевтско здружение.
Во јавноста последниот период актуелно е барањето на физиотерапевтите за законски измени со кои ќе им се овозможи да можат да работат самостојно. Која е причината за таквото барање и кои би биле бенефитите за пациентите и за самите физиотерапевти?
Велјаноски:Точно е дека тоа е доста актуелна тема во последниот период. Физиотерапевтите, а и Македонското физиотерапевтско здружение како нивни претставник бара да се донесе законот за самостојна физиотерапевтска дејност. Причината и бенефитите се повеќе од јасни. Со законското решение ќе се овозможи директниот пристап на пациентите до физиотерапевтите. Сметам дека со оглед на тоа дека сме во 21-ви век, жално и неодговорно е на здравствените власти во Македонија да имат пациенти, во постела со неможност да добијат соодветна терапија, а при тоа да развиваат и голем број на компликации кои ги носи пролонигираната имобилност. Со самото озаконување на нашата професија т.е физиотерапевтската дејност, ние нема да сме приморани да работиме илегално “на црно” со пациентите.
-Вашата фела се соочува и со друг проблем, а тоа се нестручни лица кои со завршени курсеви и куси обуки нудат физиотерапевтски услуги. Каков ризик носи тоа за пациентите и дали имате некој модел преку кој би се решило ова прашање?
Велјаноски:Да, постојат голем број на нестручни лица кои се со несоодветно образование и се повикуваат со титулата ФИЗИОТЕРАПЕВТ. Тоа е проблем на здравствените и образовни органи во Македонија кои заради нивна негрижа и неконтрола го доведуваат во ризик здравјето на пациентите. Решението за овој проблем е во формирањето на самостојна комора на физиотерапевти која ќе врши регулација на сите дипломи стекнати во Македонија и странство и врз основа на веќе поставени правила кои се применуваат во европската унија ќе издава лиценца за работа. Професијата носи бенефиции, но исто така и одговорности кои треба некоја институција да ги контролира и спроведува.
-За какви здравствени тегоби најчесто ви се обраќаат луѓето за помош?
Велјаноски:Со оглед на тоа дека живееме во едно брзо време, со преголем број на обврски, се повеќе се запоставуваме себеси и нашата физичка, а и психичка кондиција. Работењето пред компјутер, канцелариските работни позиции и слично, се една од причините за честите проблеми со ‘рбетот кај пациентите. Болките во вратот и лумбо-сакралната регија (половините) се доста честа патологија. Но, не може да се избегне и мозочниот удар и пациентите кои страдаат од истото.
Кое е Македонското Физиотерапевтско Здружение, од кога постои и кои се активностите кои се спроведуваат преку здружението?
Велјаноски:Македонското физиотерапевтско здружение е невладина, непрофитна организација која има за цел да ги обедини високообразованите физиотерапевти на територијата на Р. Македонија. Основано е минатата година односно на 01.06.2017 со едногласна одлука од извршниот одбор и претседателот на здружението. Во текот на изминатата година се одржаа повеќе настани од типот на едукативни семинари но и курсеви за одредени техники. До крајот на оваа година веќе се закажани уште 2 курсеви и еден завршен семинар. И да не заборавам да го напоменам и прославувањето на Светскиот ден на физиотерапевтите 08 Септември, прославата ќе се одржи на 7ми Септември во ЕУ Инфо Центарот во Скопје со почеток од 11 часот.
-Каква е улогата на еден физиотерапевт во целокупното зачувување на здраво тело кај пациентот?
Велјаноски:Физиотерапевтот е една од најзначајните алки во синџирот на медицинската рехабилитација кај пациентите. Со редовна посета на физиотерапевт, консултации па и третмани може да се делува и превентивно врз физичката состојба на пациентите, и да се песретнат голем број на болни состојби. Советувајте се, консултирајте се со физиотерапевт, барем тоа е бесплатно, но е многу значајно во зачувувањето и третманот на психо – физичката состојба. Вашето тело во секој случај ќе ви биде благодарно.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Гледајте денес – Видео интервју со д-р Стојо Бошкоски
-
Гостиварпред 2 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 недели
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски