Поврзи се со нас

Гостивар

Интервју со Олгица Мерџаноска, главна сестра во општата болница во Гостивар

Објавено

на

„Професијата медицинска сестра ја доживувам како најубава на светот“

Од 5 до 12 мај, секоја година ширум светот се одбележува Меѓународната недела на сестринството. Целта е да се даде значење и да се истакне важноста на оваа професија, која често остануваат во сенка и без доволно признание од јавноста. Годинава, манифестациите ќе изостанат поради пандемијата. А во борбата против коронавирусот, токму медицинските сестри се една од главните алки.

По повод Светската Недела и денот на сестринството, за професијата, состојбите и предизвиците што ги носи, разговаравме со Олгица Мерџаноска, главна сестра во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар.

Мерџаноска зад себе има две и пол децениско работно искуство, прво како одделенска сестра на невропсихијатриското одделение, а од 2017-та како главна медицинска сестра во општата болница во Гостивар.

-Неделата и денот на сестринството годинава ја дочекувате во вонредни услови поради коронавирусот. Какви промени донесе пандемијата во работата на медицинските сестри и како ги организирате работните обврски?

Мерџаноска: Неделата и денот на сестринството се одбележуваат во чест на роденденот (12 мај) на основоположникот на професијата на сестринство, Флоренс Најтингејл, таканаречена Дамата со светилката. Да, оваа година го дочекуваме во поинакви услови, но сепак сестринскиот позив е секогаш ист, задачата ни е иста, а тоа е максимална грижа и посветеност кон пациентите. Сите сестри се на своите работни места и нема никакви пречки работните обврски да течат онака како што треба. Во услови на пандемија, секако мораме да бидеме многу повнимателни, со подигнато ниво на заштита, и сите тоа го почитуваат, за заштита на здравјето на пациентите, сопственото и здравјето на најблиските. Мојот работен ден, како главна медицинска сестра почнува во 7 наутро. Нормално, клучна е секојдневната комуникација со одговорните сестри на сите оддели и изнаоѓање на заеднички решенија кога треба да се надминат некои евентуални пречки и проблеми. Мора да истакнам дека имаме воспоставено одлична соработка и разбирање, поради што и работата се одвива како што треба.

-Од каде потекнува вашата љубов кон медицината и како го направивме изборот на професијата?

Мерџаноска:Љубовта кон медицината потекнува многу одамна. Уште како мала им се восхитував на медицинските работници, таа нега што ја пружаат на пациентите, нивната подготвеност, сетоа тоа за мене беше нешто фасцинантно. Професијата медицинска сестра ја доживува како нешто најубаво на светот. И секогаш велам, и повторно да треба да одбирам, не би менувала ништо, пак би избрала да бидам медицинска сестра.

-Каков е статусот на медицинските сестри во денешно време и дали нивниот труд е доволно вреднуван?

Мерџаноска: Сметам дека е потребно да се обрне малку поголемо внимание. Медицинската сестра е дел од ланецот во здравствената струка која ги извршува 67% од здравствените услуги. Местото кое и е дадено е малку да речеме, неквалификувано. Во денешни услови, постојат училишта за дообразување и стакнување на високо образование кај медицинските сестри, што е сосема пожелно и во ред. Сметам дека тогаш, кога ќе се воспостави тој систем рангирање на медицинскиот кадар, ќе има и вистинско вреднување на трудот на медицинските сестри.

-Според вас, што треба да поседува една личност за да може да се изгради како добра и професионална медицинска сестра, или каде лежат темелите на оваа професија?

Мерџаноска:Пред се’ треба да има љубов кон човекот. Да има трпение, да биде трпелива личност. Знаете, нашата професија носи секакви предизвици, ситуации, секој пациент има своја приказна. Има моменти кога на пациентите им треба само некој да ги сослуша и да им даде збор на утеха. Значи, прв и основен принцип на медицинските сестри треба да биде љубезноста со пациентите, трпеливоста и трудољубивоста. Уште еднаш ќе кажам, мора да постои љубов кон човекот.

-За крај, што би им порачале на граѓаните на Гостивар и пошироко во однос на чување на здравјето во актуелната состојба со Ковид 19?

Мерџаноска: Истото што многупати е кажувано и повторувано: Да бидеме одговорни, да ги послушаме апелите и препораките на Министерството за здравство и министерот, да се седи дома, да се избегнуваат контакти кои не се наопходни, а кога се излегува да се одржува дистанца од 2 метри. Доколку секој од нас покаже високо ниво на одговорност, ќе биде полесно за здравствените работници што се во првата борбена линија против вирусот, и побрзо ќе ја надминеме оваа состојба.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

До 15 часот во Општина Гостивар гласале 20.687 гласачи

Технологијапред 2 часа

YouTube слави 19-ти роденден-Знаете ли кое било првото објавено видео?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 9 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 22 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена