Поврзи се со нас

Вести

Интервју со Раиф Раифи, претседател на фудбалскиот клуб Генч Калемлер

Објавено

на

ФК Генч Калемлер од Долна Бањица е клубот за кој многу се зборува во изминатиов период, но во јавноста нема доволно информации за овој млад и амбициозен фудбалски клуб. Во сезоната што претстои ќе се натпреварува во Втората Македонска фудбалска лига – Запад. По тој повод разговаравме со претставниците на овој клуб, за формирањето, предизвиците, плановите и амбициите на Генч Калемлер разговаравме со претседателот на клубот, Раиф Раифи.

Ова е прво интервју со некој од управата на Генч Калемлер. Раскажете ни како дојде до идеја да се формира овој клуб?

– Основачите на клубот се членовите од здружението Генч Калемлер. Со години здружението се занимава со образование, култура, уметност време беше да додадеме и спорт и така се роди идејата за фудбалскиот клуб Генч Калемлер. Фудбалот во Долна Бањица има голема традиција, последниве 20 години дојде до несакан прекин. Планираме да ја вратиме традицијата и фудбалската атмосфера меѓу младите и да ги насочиме кон спортот.

Оваа сезона ќе се натпреварувате во Втората Македонска фудбалска лига  – Запад. Со какви предизвици се сретнавте додека го издигнавте клубот до ова ниво?

– Не беше лесно, за 3 години да се влезе во втора лига стварно треба многу да се работи, се жртвувавме и физички и психички и финансиски. Немавме стадион, уште и немаме. Тренинзите и натпреварите ги игравме на новиот помошен терен во Гостивар. Тука потрошивме многу средства. Ги плаќаме сите тренинзи и натпревари, но го издржавме и тоа, веруваме сега во втора лига ќе ни се одобри, како екипа од Гостивар да ги користиме терените.

Вие сте претседател на клубот. Ваш тренер е легендата на гостиварскиот фудбал Бирол Топчиу. Да ја запознаеме јавноста кои се останатите во управата.

– Доаѓаме од разни сектори бизнисмени, правници, екомисти, занаетчии не потекнуваме сите од фудбалот, но сите сме големи заљубеници во фудбалот. Заменик претседател е Хамит Латифи, Секретар на клубот е Адис Асипи, тренер на младинската школа е Икај Јусуф. Управниот одбор е составен од 13 луѓе меѓу кои се претседателот на организацијата Генч Калемлер, Туркер Камбер, бившите министри Валдет Џафери и Фуркан Чако,  Фетах Фетахи, Накил Алии, Бејтула Јусуф, Илјас Муареми и Умит Осман.

Како се справувате со финансиите? На кој начин се финансира Генч Калемлер?  Имате ли помош од општината?

– Изминативме 3 години околу 70-80% од вкупните трошоци ги сносев јас. Имаме помош, донации од печалбарите од Бањица, исто така опрема донации сме имале и од Истанбул, општина Ејуп и клубот Озалибејкоспорт. Од општина Гостивар досега сме немале никаква помош, очекуваме од новата сезона дека ќе не поддржат.

Дали се планирани нови појачувања во тимот за претстојната сезона или ќе се потпрете на играчите кои се во клубот?

– Секако дека ќе го освежиме тимот со нови играчи што имаат искуство во Првата и Втората МФЛ. Сега сме почетна фаза на припремите, ќе ги провериме сите позиции, кај што има потреба ќе пополнуваме. Некои нови играчи веќе и тренираат со клубот. Сакаме да обезбедиме млади играчи кои долги години ќе ги бранат нашите бои.

Кои се вашите цели и очекувања за следната сезона?

– Втората МФЛ оваа година се очекува да биде со најака конкуренција последниве години. Многу сме горди што ќе бидеме дел од оваа лига со екипите на: Пелистер, Тетекс, Фк Гостивар и други. Целта ни е да завршиме на средината на табелата, да добиеме искуство за во наредните години ја нападнеме и најелитната лига во фудбалот кај нас.

За крај, што ќе им порачате на љубителите на фудбалот во Гостивар?

– Од година во година се зголемува бројот на нашите обожаватели. Оваа сезона Гостивар ќе има две екипи во Втората Македонска фудбалска лига, тоа значи секоја недела гостиварци ќе имаат можност да уживаат во фудбалот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена