Вести
Интервју: Валентина Тасеска – „Ракотворбите бараат голема мотивираност и прецизност“
Објавено
пред 4 годинина

За некој да се занимава со рачни изработки, особено минијатури, мора да има многу трпение, јака концентрација и подготвеност за целосна посветеност. Тоа ни го потврди и гостиварката Валентина Тасеска, по професија овластен сметководител, а по душа, ќе си земеме за право да ја наречеме, создавач на мали чуда. Валентина изработува народни носии во минијатура како и пеперутки и други апликации од срма и срмен конец во 3Д форма, врамени во стакло. „Изработките бараат голема мотивираност и посветеност, а исто така и голема прецизност. Но, после секое завршено дело се чувствувам многу гордо и среќно“, вели Тасеска инаку две децении вработена во Центарот за култура АСНОМ.
Имате интересно хоби:изработка на минијатурни народни носии и пеперутки со конец од срма. Од каде љубовта кон ваквите рачни изработки?
Љубовта ми е наследена од мојата мајка, која исто така се занимава со еклање, везење, плетење и слично.
Колку време е потребно за да се направи една автентична минијатурна носија и дали е тешко?
Секако дека е тешка и макотрпна работа која одзема многу време и бара голема посветеност. Пред се` потешкотиите се јавувааат затоа што носиите се во минијатура, а исто така и зависи која носија се изработува. Така на пример галичката носија е една од најскапите и е воедно и најтешка носија по тежина, но и по изработка, пред се` поради тоа што изобилува со специфичен вез на кошулата и на срмениот дел и многу е богата со накит. Точно временски не можам да кажам затоа што има денови кога едноставно не си расположен за работа бидејќи оваа работа бара и голема концентрација, но отприлика за една женска кукла кога би се работело по 3 часа на ден потребни би биле некаде околу 3 недели.
Дали треба да се погоди моментот за работа или инспирација се наоѓа секогаш?
Треба да се погоди моментот, затоа што не може да се изработува кога немаш инспирација или расположение. Мора целосно да си посветен на работата, особено затоа што се изработуваат минијатурни делови.
Куклите во народни носии од полошкиот крај доживеаа изложба во Гостивар и во Скопје. Ги однесовте и до Кавадарци во рамки на една манифестација. Какви беа реакциите на публиката?
Да, изложбите се состоеа од изработки на минијатурни носии претставени на 18 кукли од западниот крај на Македонија, машки и женски поставени во стакленици. Да напоменам дека во изработка на одредени делови на носиите се вклучија гостиварките: Јулијана Николиќ, Билјана Кузманоска и Лидија Новаковска. Куклите доживееа три изложби, првата беше во РМ НУ Центарот за култура Асном во Гостивар, како проект на здружението ,,Културен бран“ од Гостивар, која беше поддржана од Министерството за култура, а втората се одржа во галеријата на кинотеката во Скопје. Голема благодарност до тогашната директорка на кинотека г-га Мими Ѓоргоска-Илиевска за големото гостопримство и отстапениот простор. Третата беше одржана во Центарот за култура во Кавадарци, како дел програмата за градење на културни мостови мегу Гостивар и Кавадарци.
Во 2017-та година планирана ми е изложба во Центарот за култура во Кичево. Целта е да бидат застапени во повеќе градови во Републикава и видени од повеќе генарации, се` со цел да не се заборави и да се пренесе традицијата на помладите генерации. Реакциите од публиката, повеќе би сакала да ги слушнете лично од нив, но по мое мислам дека беа презадоволни и воодушевени, пред се` затоа што присуствуваа на на прва изложба од овој тип во нашата Република.
Може ли да се заработува од ваков вид на хоби? Дали граѓаните се подготвени да платат за да имаат уникатен примерок за себе?
Не… или многу тешко. Луѓето ги гледаат со воодушевување и сите би сакале да имаат макар по еден ваков уникатен примерок за себе, но мораме да признаеме дека поради економската криза имаат други попотребни приоритети и не можат тоа да си го дозолат. Многу мал број на луге можат да си го дозволат тоа, да имаат или пак да подарат по еден ваков примерок.
По што ќе ја паметите 2016-та година и кои се очекувањата и желбите во новата година?
2016-та година ќе ја паметам по бројните превирања како во нашата Република така и во светски рамки, но се надевам дека 2017-та година ќе биде многу поуспешна и поубава. Очекувања некои посебни немам, посакувам само здравје за моето цело семејство и за сите нас, а се` другото спонтано ќе си дојде само по себе со малку или со малку повеќе труд.
Љупка Антеска

627 нови случаи на корона во земјава, денеска пријавени 47 починати лица

Не се почитува носењето маски во Гостивар, казнети над 80 граѓани во еден ден

Просечната плата во февруари била скоро 28.000 денари, пресмета ДЗС

Приведен гостиварец поради кражба на велосипед

Барањето за субвенционирање на плати за февруари и март е поставено на платформата на УЈП, рокот е до 30 април

33% од новозаразените со корона имаат над 60 години, доминира британскиот тип

Исплатата на априлските пензии почнува од понеделник

5 намирници кои ќе ви дадат повеќе енергија од кафето

Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар

КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје

Нов Ултра леток на Ултра Маркети, заштедете до 48%

МОНТЕНЕГРО МАРКЕТИ: Нова месечна акција (16.04.21 – 15.05.21)

Детали од официјалното упатство за вакцината СПУТНИК – мерки на претпазливост, реакции…

Денот што го чекавте! Отворени новите УЛТРА МАРКЕТИ во Гостивар, одлична понуда и квалитет, прифатливи цени

Во Албанија уапсен гостиварец баран од Интерпол

Тажна вест-Почина познатиот актер Луран Ахмети

На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Гостиварпред 2 месеци
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Занимливостипред 2 месеци
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот
- Гостиварпред 4 недели
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
- Спортпред 4 недели
КК Гостивар денеска му гостува на KK Вардар во Скопје
- Гостиарскипред 2 месеци
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))
- Гостиварпред 2 месеци
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар
- Гостиварпред 3 месеци
Државата ќе дава пари за купување ПВЦ прозорци, печки на пелети, сончеви колектори…
- Македонијапред 2 месеци
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?