Вести
Инцидент во гостиварската гимназија, Алијанса за Албанците и ДУИ со меѓусебни обвинувања
Инцидент кој се случил попладнево околу 14.30 часот во гимназијата во Гостивар го потпали огнот на нетрпение меѓу гостиварските ограноци на Алијанса за Албанците и на ДУИ. Според првичните информации од полицијата, во дворот на гимназијата е регистриран случај на нарушување на јавниот ред и мир во кој учествувале четири лица, двајца вработени во училиштето и две други лица. Имало и физички напад на кој му претходела вербална расправија, а кој завршил со повредено лице.
Од Алијанса за Албанците обвинија дека во гимназијата биле нападнати двајца професори по инструкции на ДУИ и актуелниот директор на училиштето Џези Камбери и дека мотивите биле политички. „Ги повикуваме Заев, Спасовски и Дескоска да ги запрат бандитите на ДУИ во Гостивар, а надлежните институции да го санкционираат ваквото однесување“, изјавија од Алијансата.
Со своја реакција излегоа и од огранокот на ДУИ. Според нив, двајцата професори биле тие кои го нападнале директорот на гимназијата. „Го осудуваме ваквото однесување на двете лица кои се партиски активисти на Алијансата и ја повикуваме меѓународната заедница внимателно да ги следи бандитските активности на Таравари и неговите луѓе“, се вели во соопштението на ДУИ.
Од Секторот за внатрешни работи информираат дека случајот е во фаза на расчистување, се утврдуваат поединостите, видот и карактерот на повредите и се друго. Со повеќе информации ќе излезат во текот на утрешниот ден.
Џези Камбери, кадар на ДУИ е еден од директорите кои беа вратени на раководните места во училиштата откако Министерството за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди