Поврзи се со нас

Вести

Ирските лекари бараат од државата да забрани мобилни телефони за децата под 16 години

Објавено

на

    Ирската лекарска организација (ИМО) ја повика владата да ја забрани употребата на паметни телефони за деца под 16 години и употребата на мобилни телефони во сите основни и средни училишта.

    Лекарите повикаа употребата на паметни телефони и социјални мрежи да се третира како итен случај на јавното здравје, пишуваат ирските медиуми.

    „Нашите млади луѓе се изложени на токсична мешавина од исклучително штетна содржина и платформи за социјални медиуми. Од витално значење е владата да спроведе забрана за користење паметни телефони кај децата и адолесцентите. Уредите и содржините на социјалните мрежи имаат деструктивен ефект врз младите луѓе, соопшти ИМО“, пренесува Ајриш Тајмс.

    ИМО ги поздрави повиците на министерот за здравство Стивен Донели минатиот викенд да се забрани употребата на паметни телефони од страна на помлади од 16 години и неодамнешниот предлог на министерката за образование Норма Фоли да се забранат паметните телефони во сите основни и средни училишта.

    „Истражувањата покажуваат исклучително деструктивен ефект врз децата и адолесцентите особено од користењето паметни телефони, а како општество мора итно да се справиме со кризата која има страшни последици по нивното ментално и физичко здравје“, рече претседателот на ИМО, д-р Метју Садлиер.

    Садлиер додаде дека секој индикатор за ментално здравје и психолошка благосостојба кај тинејџерите и младите станал понегативен од 2012 година, кога употребата на социјалните мрежи стана широко распространета.

    Според него, не е доцна да се воведе оваа забрана, наведувајќи го успехот на земјата во значително намалување на употребата на тутун по големата кампања за јавно здравје. Тој изјави дека содржината на социјалните мрежи и употребата на мобилни телефони доведува до анксиозност, депресија, осаменост и склоност кон самоубиство.

    Тој додаде дека државната поддршка е важна за да им се помогне на родителите да им забранат на своите деца да користат паметни телефони.

    • Не е доволно да се бара од родителите сами да ја преземат оваа одговорност; Владата може и мора да интервенира за да ги изедначи условите за сите млади луѓе, вели докторот.

    Студијата „Растење во Ирска“ покажа дека 40 отсто од децата поседуваат мобилен телефон до деветгодишна возраст. Училиштата во Ирска се разликуваат меѓу рестриктивни пристапи и доброволни иницијативи за справување со загриженоста за користењето телефон во основните и средните училишта.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 1 час

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена