Поврзи се со нас

Вести

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат е причина за половина милион смртни случаи годишно

Објавено

на

Исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат на глобално ниво е причина за половина милион смртни случаи годишно, бидејќи поради недостиг на опрашувачи, светската популација нема пристап до здрава храна, покажува научната студија објавена во списанието „Енваројментал хелт перспективс“. Три четвртини од сите култури бараат опрашување, но популацијата на многу инсекти кои опрашуваат драстично се намалува, при што се губат три до пет проценти од овошните култури, зеленчукот и јаткастите плодови, пишува „Гардијан“.

Како резултат на тоа, луѓето консумираат помалку здрава храна, а тоа значи дека околу еден процент од сите рани смртни случаи може да се припишат на исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат.

Истражувачите во причини за рана смрт ги вклучија срцеви заболувања, мозочен удар, дијабетес и некои видови на рак.

Според научниците, ризикот од развој на овие болести може да се намали со поздрава исхрана.

Ова е прва студија која го поврзува исчезнувањето на инсектите кои опрашуваат со последиците по здравјето на луѓето.

– Клучна алка која недостасува во дискусијата за биолошката разновидност досега беше недостигот на директната поврзаност со здравјето на луѓето, рече еден од водечките автори на студијата, д-р Семјуел Мајерс.

Според него, постои решение, а тоа е да се создадат соодветни услови за опрашување на инсектите, што подрабира ограничување на употребата на пестициди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 3 недели

Кривични за бесправно градење во Гостивар со фалсификување исправи, перење пари, злоупотреба на должност…

Гостиварпред 4 недели

Втора победа за Јулијана Златаноска на Вешта жена во Гостивар

Гостиварпред 2 недели

ОСМОМАРТОВСКИ СО БЕЛИНДА ТУКСАР ЛОТЕСКА, началничка на Отсек за криминалистичко разузнавање, статистика и документирање во ОВР Гостивар

Гостиварпред 4 недели

Наша цел е поправедно општество и еднаквост, порачаа гимназијалците од Гостивар

Гостиварпред 4 недели

„Вешта жена 2023“ во Гостивар во знакот на љубовта!

Гостиварпред 2 недели

Гостивар е се‘ уште без вода, се комплицирала работата на терен, екипи санираат дефект

Гостиварпред 2 недели

Утре во Гостивар ќе нема вода повеќе часови

Гостиварпред 3 недели

45 семејства во Гостивар конечно добија клучеви од социјалните станови

Гостиварпред 6 дена

Автопатот Тетово-Гостивар ќе почне да се гради на 22 април, ќе чини 125 милиони евра според првична пресметка

Отворени огласи за вработување

- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена