Поврзи се со нас

Македонија

Иселувањето на младите – потреба или тренд?

Објавено

на

Неми сведоци сме како секојдневно сé повеќе млади ја напуштаат нашата татковина. Некои своеволно, некои затоа што мораат поради работата на нивните родители. За младите, коишто се наоѓаат на крстопат на животот, одлуките не се лесни. Треба да одлучат како ќе го живеат својот живот, што ќе студираат, каде ќе студираат, каде ќе живеат, како ќе ја градат својата иднина…

Разговарајќи на овие теми со неколку млади луѓе, добивме различни одговори. Едни се заминати да студираат во странство затоа што сметаат дека таму ќе се здобијат со поквалитетно образование што ќе се цени од страна на идните работодавачи. „Во странство се нуди платена пракса, работа додека траат студиите и поголема шанса за вработување по завршување на образованието”, вели 19-годишната Милица Ц. Со неа се сложи и нејзината врсничка Елена М.

На прашањето дали се запознаени со поволностите што ги нуди нашата држава како што се разни субвенции, стипендии, проектот „Купи куќа за млади”… нашите соговорници одговорија дека се запознаени, но не им се допаѓаат и поради тоа не ја планираат својата иднина во татковината. Оние пак кои имаат намера да заминат во странство на работа, објаснуваат дека тоа е поради поголемите плати кои ќе ги добијат таму и удобниот живот што ќе им го овозможаттие примања. Тие информации ги добиле од нивни роднини кои веќе се заминати на работа во странство. И покрај поволностите што им се нудат тука, младите велат дека штом ќе заминат, веќе немаат намера да се вратат назад. Само мал број од младите со кои поразговаравме одговорија дека иднината ја гледаат во својата татковина, дека планираат да ги искористат сите можности што им се нудат и сакаат да останат тука.

Прецизни статистички податоци колку млади, водени од потребата за потрага по подобар живот, ја напуштиле земјава нема. Според податоци на Центарот за истражување и креирање политики (ЦИКП), 76.7% од младите размислуваат да се иселат, и тоа пред сè во земјите членки на ЕУ. Како клучни причини за тоа најчесто се наведуваат материјалните услови и општествената атмосфера. Друг податок, објавен од Светска банка кажува дека до 2013 година од земјава се иселиле околу 600 илјади луѓе, а според статистичката служба на ЕвропскатаУнија – Еуростат од 1998 до 2011 година, земјава ја напуштиле околу 230 илјади граѓани, од кои најголем дел биле млади.

Треба да се земе предвид дека младите некогаш „летаат во облаци” и сметаат дека во странство ќе ги пречекаат со црвен тепих и веднаш ќе ги стават директори на разни успешни компании. Во странство младите прифаќаат да работат секаква работа и притоа не се жалат што работат по 15 часа на ден, а дома им е понижување да работат толку. Несомнено е дека иселувањето ќе донесе долгорочни негативни последици, губење на човечки потенцијал и сила, кои треба да бидат движечки за државата.

На крај се поставува прашањето: Дали иселувањето повеќе стана некој вид на мода, отколку потреба и дали доколку се вложат максимално и ги искористат сите можности, младите би имале поубав и полесен живот во својата земја?

автор: Марија Петроска, 18 години, од Гостивар

Текстот е изработен во рамки на Проектот „Младински глас – Вклучување на младите во заедницата преку новинарство“, кој го спроведува АДИ-Гостивар, со финансиска поддршка на Амбасадата на Чешка во Скопје.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 6 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 9 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 11 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 13 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 14 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 15 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 16 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 17 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 18 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена