Поврзи се со нас

Вести

Исхрана според крвна група: Кој треба да јаде месо, а кој не смее ни да помисли на помфрит…

Објавено

на

Колку и да звучи необично, преферирање на одредена храна кај луѓето не се формира сосема случајно, туку е резултат на состојби и процеси на организамот. Медицинарите докажале дека секоја крвна група има различен метаболизам и потреба од различни витамини и минерали, оттаму и луѓето развиваат различни вкусови, зависно која крвна група ја имаат. Преку советите на стручните лица ќе ви помогнеме да ја одберете вистинската храна за вас, според крвната група.

КРВНА ГРУПА “А“

Луѓето со крвна група А имаат чувствителен дигестивен систем и тешко можат да ги обработуваат протеините од животинско потекло. Затоа, треба да избегнуваат месо, млеко и млечни производи и да се насочат кон исхрана богата со житарки, мешунки, овошје и зеленчук.

На многу луѓе им е тешко да се откажат од вкусните порции со помфрит и месо и да ги заменат со растителни протеини, но токму тоа ќе им помогне на претставниците на групата А да имаат подобро здравје, подолг живот и повеќе енергија.

Совети:

Не го прескокнувајте појадокот и јадете почесто, но со помали оброци.

Внесувајте повеќе протеини на почетокот на денот, а многу помалку навечер.

Не јадете кога сте нервозни и вознемирени.

Џвакајте ја храната подолго време за да му помогнете на телото побрзо да ја свари.

 

КРВНА ГРУПА “О“ (НУЛТА)

Kрвната група 0 е најраспространетата крвна група во светски рамки. Претставниците на оваа крвна група имаат добар дигестивен систем и полесно ги разложуваат протеините од животинско потекло, па затоа најмногу им се препорачува да консумираат месо.

Освен месо, треба да консумираат и овошје и зеленчук, а да избегнуваат јаглехидрати.  Најдобрите диети за крвната група 0 се оние кои содржат многу протеини, малку јаглехидрати и минимум консумирање на млечни производи.

Совети:

Секој оброк јадете го седнати на маса и џвакајте ја храната бавно.

Редовно вежбајте, барем 3-4 пати неделно.

Секогаш кога сте вознемирени, започнете некоја физичка активност.

 

КРВНА ГРУПА “Б“

Луѓето со крвна група Б можат да јадат многу различни типови храна без никакви проблеми. Тие имаат добар дигестивен систем, но треба да избегнуваат пченица, пченка, хелда, леќа, домати, кикирики и семе од сусам ако сакаат да избегнат дебелеење. Овие продукти влијаат негативно врз ефективноста на метаболизмот и придонесуваат за појавата на замор, задржување на течности во телото и опаѓање на нивото на шеќер во крвта по оброците. Исто така, за оваа крвна група пилешкото месо треба да биде на минимум. На листата на храна која го поттикнува слабеењето се наоѓаат зелените зеленчуци, јајцата, „добрите“ меса (јагнешко, зајачко, овчо) и млеко и млечни производи со мал процент на масти.

Совети:

Направете си план за спиење (во колку ќе си легнувате и кога ќе станувате) и придржувајте се кон него. На пример, легнувајте си секој ден во 23 часот и спијте минимум 7-8 часа.

Подобро да легнете со празен стомак, отколку прејадени.

Најдобар начин да се релаксирате е медитацијата.

Вежбајте го мозокот со решавање на крстозбори или судоку и други мали задачи кои бараат концентрација.

 

КРВНА ГРУПА “АБ“

Крвната група АБ е исклучително ретка, со само 4-5% застапеност. Поголем дел од храната која што е лоша за крвните групи А и Б е лоша и за крвната група АБ, но постојат и исклучоци.

Доматите, кои воопшто не се препорачуваат за крвната група Б, може да се користат во исхраната на групата АБ. Луѓето со крвна група АБ треба да избегнуваат алкохол и кафе, особено во стресни ситуации. Ако претставниците на оваа група сакаат да слабеат, тогаш треба почесто да консумираат тофу, морска храна, зелени зеленчуци и млечни производи, а да избегнуваат чадени меса.

Луѓето со крвна група АБ се емотивни, пријателски расположени и особено страсни кога станува збор за нивните верувања.

Совети:

Консумирајте повеќе мали оброци во текот на денот, а не неколку големи.

Избегнувајте настани и ситуации кои имаат натпреварувачки карактер.

Поминувајте колку што можете повеќе време во кујна и јадењето приготвувајте си го дома. Готовата храна не може да биде толку корисна и здрава, колку домашната.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Технологијапред 7 часа

„Wind Down“: TikTok со новитет за подобар сон и дигитален баланс

Светпред 10 часа

Пуштен во употреба големиот тунел на автопатот „Патот на Арбр“

Спортпред 13 часа

Македонските кошаркари во група во Унгарија и Романија во мундијалските претквалификации

Светпред 14 часа

Укинувањето на сезонско сметање на времето е сѐ уште во игра

Гостиварпред 15 часа

Седница на Советот на Гостивар за финансиите на општината и јавните претпријатија во 2024-та година

Занимливостипред 16 часа

Среќен Пи (π) ден – роденденот на најпознатата математичка константа!

Гостиварпред 18 часа

Проблемот со кучињата скитници во Гостивар стаса до општинскиот Совет

Гостиварпред 18 часа

Девојка од Гостивар пријавила дека братот противправно ја држел затворена во домот

Светпред 20 часа

Голем студентски протест утре во Белград, властите предупредуваат на можни немири

Гостиварпред 3 недели

Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар

Македонијапред 4 недели

По 1.000 денари месечно субвенции за сметките за струја ќе добиваат ранливите групи

Гостиварпред 4 недели

Вешта жена 2025 во Гостивар: Сплотени да шириме љубов, убавина и добрини!

Гостиварпред 4 недели

Девојки од Украина, Бугарија и Србија приведени во локал во гостиварско

Гостиварпред 4 недели

Јасмина Топалоска победи на Вешта жена 2025 во Гостивар

ФОТО ВЕСТпред 2 недели

ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести

Гостиварпред 4 недели

Управните служби на МВР од денес со ново работно време

Гостиварпред 2 недели

Згрозувачки објави на Инстаграм за девојки од Гостивар, профилот се пријавува

Рецептипред 4 недели

Војнички грав – Легендарниот вкус од војничкиот казан на ЈНА

Гостиварпред 2 месеци

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 2 месеци

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 2 месеци

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 4 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 6 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 7 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 12 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 година

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена