Поврзи се со нас

Македонија

Искачување и Божествена Литургија на врвот Голем Крчин по седми пат

Објавено

на

Возобновената традиција на служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, годинава се испочитува по седми пат. Викендов четириесетина верници, планинари, алпинисти, спортисти учествуваа во искачувањето на врвот, на надморска височина од 2.341 метри и беа дел од светата литургија на Бигорската обител.

„Веќе седма година по ред, откако со благослов на нашиот Старец, Епископот г. Партениј, беше возобновена традицијата за служење на Света Евхаристија на планинскиот врв Голем Крчин, нашиот Тавор на Преображението, нашиот рид на радоста, дел од браќата монаси и сестрите монахињи зедоа подвиг на восходење и на молитвено учествување во Божествената служба, на која ѝ се приклучија и четириесетина духовни чеда на нашите манастири.

Се појавуваат пасишта по пустините и ритчињата се исполнуваат со радост(Пс. 65,12), бидејќи каде што е Бог, таму се случува преображение, таму е и радоста. А нашиот Старец, кој е учител на љубовта и радоста, повторно ни го подари својот благослов да се радуваме на возвишението на Крчин, да вкусиме од убавината на Божјата величественост и гледајќи ги создадените од Бога прекрасни висини и пространства, да ги созерцаваме несоздадените, вечни, духовни висини и пространства. Силното Божјо присуство, особено преку Светата Литургија, ги исполни душите на присутните со вистинска радост, светлина и благодарност. Тоа ретко искуство беше прекрасна оддишка за душата и непроценлив и исклучителен благослов, на кој присутните се удостоија, по молитвената сила испросена од Старецот и по неуморното застапништво на Пресветата Богородица и на Свети Јован Претеча.“, соопштија од Бигорски.

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена