Гостивар
Искачување и света литургија на врвот Голем Крчин по петти пат

Околу 1.000 верници – планинари, алпинисти, спортисти годинава учествуваа во искачувањето на врвот Голем Крчин, на надморска височина од 2.341 метри и беа дел од светата литургија, што се одржува во чест на празникот Преображение. Настанот по петти пат го организираа братството од Бигорскиот манастир и сестринството на манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица.
„Јубилејната Литургија на врвот на Голем Крчин, по Божја промисла соединета со илјадагодишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, одново привлече голем број народ, кои соединети во една мисла, срце и ум, верно стоеја пред возвишениот крст, барајќи благослов од Бога за нив и за нивните ближни. Во чест на овој голем Јубилеј, повеќе од 1000 верници – планинари, алпинисти, спортисти…, вклучително и неколку од Србија кои допатуваа специјално за овој настан, направија досега невиден подвиг, покажувајќи огромна љубов, духовна радост и почит кон делото на нашата Обител, која веќе десет века е силен спроводник на Преображенската светлина во срцата на нашиот народ. Нивните насмевки беа најголемото сведоштво за примената благодат, а преку восхитот во нивните срца ја изразуваа благодарноста кон нашиот старец и игумен, Владиката Партениј, кој им овозможи учество во еден ваков необичен настан и доживување.“, наведуваат од Бигорскиот манастир.
фото:Бигорски манастир
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче