Поврзи се со нас

Технологија

Исланд – Земја на вулкани, гејзери и Биткоин

Објавено

на

Благодарение на подземјето, кое е богато со топла вода која овозможува да се создаде електрична енергија во изобилие по поволна цена, Исланд се претвори во “рај за рударите” на криптовалути како и биткоинот.

Спротивно од еврото и доларот, биткоинот настанува во информатичките “рудници”, како што се нарекуваат многуте компјутери кои ја создаваат таа криптовалута и потоа ја продаваат по берзите на интернет.

Еден таков “рудник” e забележан во исландската вулканска пустина. Хангар од сребрен лим сокрива моќни компјутери, а покрај него се наоѓаат уште четири згради. Наскоро ќе бидат додадени уште две нови складишта. Тоа е “рудник” на познатата компанија Genesis Mining, наречена “Енигма”. Името го добил по првиот робот за декодирање на пораки кои ги користеле германците во втората светска војна. Во внатрешноста на хангарот се наоѓаат 10 000 компјутерски состави за производство на биткоин (аng. “mining rig”). Сместени се во просторија од 400 квадратни метри и произведуваат бучава, слична на онаа од џамбо џет пред полетување. Секој риг е составен од матична плоча, компјутерска меморија, хард диск, процесор и шест графички картички. Неговата функција е управување на комплексниот алгоритам со цел да се бележат континуираните трансакции, автентични и нумерирани.

Таа технологија е наречена “blockchain” и обично се споредува со дигиталната сметководствена книга, само што оваа би требало да биде неуништлива и невозможна за фалсификување. Секој 10 минути во тие таканаречени рудници се создаваат 12,5 биткоини.

Исланд нуди најуникатни услови во светот за производство на криптовалути поради својата геотермална енергија, доста ефтина и 100% обновлива. Со тоа Исланд е една од најконкурентните земји во Европа после Србија, Македонија и Босна и Херцеговина. Освен тоа, просечната годишна температура на овој остров е отприлика 5 степени Целзиусови што е идеална температура за да се избегне прегревање.

Компанијата Genesis Mining е основана кон крајот на 2013та година, со седиште во Босна и Херцеовина, додека нејзините главни конкуренти биле во Кина и САД. И други компании со информатички таканарчени рудници, или фарми сега размислуваат за да се селат на Исланд, следејќи го примерот на Genesis.

Интересот за доаѓање на Исланд нарасна после осцилациите на биткоинот чија вредност моментално се движи околу 8.000 долари. Во декември го достигна нивото до 20.000 за да во февруари нагло падне на 6.000 долари. Според проценките на HS Orkа, три најголеми компании сопственици на рудници за криптовалути во 2018 година би требало да потрошат повеќе струја отколку сите 350 000 жители во Исланд заедно.

Во соработка со: Enauka.mk

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена