Македонија
Исплата на августовските пензии од нареден вторник
Од 30 август ќе почне исплатата на августовските пензии. По усвојувањето на Информацијата за исплата на пензии за месец август 2022 година од Министерството за труд и социјална политика, Владата го задолжи Фондот на пензиското и инвалидското осигурување да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 29.08.2022 година.
Се препорачува на деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 30.08.2022 година (вторник);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 31.08.2022 година (среда);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 01.09.2022 година (четврток ), и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 02.09.2022 година (петок).
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар