Македонија
Исплатата на кредити може повторно да се одложи само за погодените од коронакризата

Граѓаните добиваат можност да ги замрзнат кредитите и во следните шест месеци. Народната банка даде зелено светло за банките да дозволат второ одложување на плаќањето кредитни рати. Условите ќе ги дефинираат самите банки.
„Со регулаторните измени коишто ги донесе Советот на Народната банка, предвидено е дека банките можат на своите клиенти да им понудат и втора поволна промена на договорните услови за кредитните производи. Целта е да се помогне на оние клиенти кои се негативно погодени од пандемијата на ковид-19. Условите и начинот на промена на договорните услови за втор период на одложување на отплатата на обврските по основ на кредит треба да ги дефинираат банките. Се очекува во своите понуди, банките да имаат јасно дефинирани критериуми за одобрување на втор период на одложена отплата, со цел да се помогне на клиентите кои се погодени од ковид-кризата. Истовремено, се очекува начинот на промена на договорните услови да биде најсоодветен за клиентите и да овозможи брз, сеопфатен и ефикасен пристап до сите коишто имаат објективна потреба од натамошно олеснување на финансискиот товар заради ковид-кризата, а истовремено да се заштити и нивното здравје. Регулаторната можност банките на своите клиенти да им понудат и втора промена на договорните услови за кредитни производи треба да придонесе за натамошна поддршка на економијата во целина, во справувањето со предизвиците наметнати од ковид-кризата.“, соопшти Народна банка.
Вториот период на одложена отплата на кредитите на граѓаните погодени од ковид-кризата може да трае до 6 месеци, односно, до крајот на март 2021 година.
Македонската банкарска асоцијација информира дека банките ќе овозможат втор период на одложена отплата на кредитни производи, само за клиенти кои имаат реална, неопходна потреба, како на пример: останале без работа, имаат намалени месечни примања, високи трошоци за лекување и сл. Вториот период на одложена отплата нема да ги опфати сите корисници на кредитни производи, туку оние коишто се соочуваат со реални потешкотии предизвикани од ковид-кризата, нагласија од МБА.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила