Култура
Испраќајте песни – со стихови да го пречекаме Светскиот ден на поезијата
По повод Светскиот ден на поезијата, 21-ви март, ве повикуваме да ги споделите своите стихови со нас и сите читатели на нашиот портал. Идејата е, во овој период на турбулентни политички случувања да здивнеме, да создадеме моменти на спокој, опуштање и духовно исполнување преку моќта на поезијата. Уметноста лекува, обединува, оживува…таа е пролет за човечноста и светлина на креативноста за светот.
Вашите песни заедно со ваша фотографија може да ги испратите на мејл адреса: [email protected] или во порака на фан страната на фејсбук. Ние на порталот ќе објавуваме стихови секојдневно до 21-ви март.
Поканети се сите поети – искусни, почетници, енергични, срамежливи, млади и оние „во години“, романтичари, скептици, гостиварци, но и од другите места…
Поетските денови на Гостиварпрес ќе ги отвориме со стихови од македонската поетска ризница – Ацо Шопов: „Ветрот носи убаво време“. Читајте си сами или уживајте во интерпретацијата на Софија Гогова Врчаковска.
Ветрот носи убаво време.
Вилнее, јачи во нас.
Ветрот носи убаво време.
Убавото е убаво и поминува.
Останува тагата.
Понекогаш она нè обзема полека,
легнува на нашите очи,
и густо напластена
погледот ни го смрачува.
Тогаш нешто страшно тегобно и болно,
нешто големо и наше, непојмливо за другите
нè измачува.
Но некогаш тагата нè докоснува како трепетлика,
како измаглина над жуберлива река
крај која стоиме загледани бесцелно и немо.
Тогаш сите предмети прилегаат на сказна
па велиме: невозможно, колку е сè убаво.
Ветрот вилнее и јачи.
Ветрот носи убаво време.
Ацо Шопов
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград