Гостивар
Историска средба: Новинари и судии во Апелација Гостивар ги „пеглаа“ релациите

Каква е соработката меѓу медиумите и судовите, кои се проблемите со кои се соочуваат новинарите при барање информации од овие институции, дали доволно ги познаваат и почитуваат правилата за судско известување? На овие теми се дебатираше денес во Апелациониот суд во Гостивар, каде се одржа работилница наменета за новинари и судии од регионот.
Настанот го организираше Судско-медиумскиот совет при Здружението на судии на Македонија со цел да се зајакне соработката меѓу двете страни, во интерес на јавноста.
„Ова е историска средба. Прв пат судии и новинари од едно апелационо подрачје седнуваат вака да си ги кажат проблемите, конкретно на новинарите во пристапот до информации во четирите судови на подрачјето: Гостивар, Тетово, Кичево и Дебар. Навистина имаше гласна расправа, но беше конструктивна. Од она што новинарите го кажаа, практично излегува дека новинарите не комуницираат со судовите. Транспарентноста е нула. Во Тетово слушнавме дека има 2 портпароли, но никогаш не креваат телефон, не ги информираат новинарите. Слушнавме дека во Гостивар нема портпароли, ниту во Основниот, ниту во Апелациониот суд, а тоа е законска обврска“, рече Соња Деловска, новинар, член на Судско-медиумскиот совет.
Дел од заклучоците од денешната работилница беа судовите да бидат потранспарентни и подобро организирани за давање информации, додека новинарите повеќе да внимаваат на правилата за судско известување.
„Мислам дека треба да извлечеме добар заклучок што е недостаток на досегашната комуникација меѓу новинарите и судовите на апелационо подрачје Гостивар. Разменивме позитивни и негативни искуства. Едноставно некои работи треба само да насочат за да се воспостави добра комуникација. Навистина се потребни функционални стручни кадри за односи со јавност во судовите, ПР лица кои професионално, стручно би ги давале информациите на новинарите. Тој недостаток на човечки ресурси постои, реално такви се можностите, но трендот наметнува потреба да се ангажира таков кадар“, изјави претседателот на Апелација во Гостивар, Беким Мехмеди.
На дебатата секоја страна ги бранеше своите аргументи. Новинарите дека судиите мора да бидат поотворени и попристапни за информации. Судиите дека е неопходно новинарите повеќе да се едуцираат, за да не прават грешки кога извесуваат од областа на судството.
На крај беа едногласни во мислењето дека треба да градат партнерски однос, со почитување на правилата.
Судско-медиумскиот совет е формиран во 2018-та година и е прво тело од ваков вид во Европа. Има 21 член, од кои 11 се новинари од различни медиуми и 10 судии и претседатели на судови.
-
Гостиварпред 3 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 2 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ Гости: Анета Ќироска и Ема Нешковска | Женски прашања
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Natasha Beauty Center во Гостивар слави 14 роденден со нова локација-Љубов и почит кон убавината и негата
-
Гостиварпред 3 месеци
Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!
-
Гостиварпред 3 месеци
Убава можност за музичко уживање во Гостивар: Концерт на Влатко Стефановски Трио, влезот е бесплатен
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Fast food ‘Smile’ нова сендвичара во Гостивар која ги развеселува сите сетила