Поврзи се со нас

Гостивар

Истрага против тројца браќа за убиство од одмазда во гостиварско Дебреше

Објавено

на

    Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица затоа што постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело „убиство“.

    Како што информира Јавното обвинителство, тројцата браќа од селото Дебреше на 23 јули 2024 година со умисла и од безобзирна одмазда лишиле од живот еден соселанец со кого имале подолготрајни недоразбирања.

    На критичниот ден, најпрво настанала физичка пресметка меѓу еден од браќата и жртвата. По тепачката, осомничениот ги повикал и своите браќа, кои револтирани од домовите зеле огнено оружје – калашников и пиштол. Сите тројца со автомобил „Волво“ со швајцарски регистарски таблички се упатиле кон куќата на оштетениот.

    Кога го пронашле, пукале кон него и со пиштолот и со автоматската пушка, нанесувајќи му повеќе огнострелни повреди од кои жртвата веднаш починала.

    По настанот, како што се наваедува, тројцата осомничени беа задржани во краткотраен 48-часовен притвор со цел да се извршат сите вештачења.

    „Со поведувањето на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомничените, бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и основан страв дека ќе ја попречуваат  кривичната постапка со влијание врз сведоците кои евентуално би било потребно да се сослушаат“, се вели во соопштението од Јавното обвинителство

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 2 часа

    Се паркира кој каде стигне-Неделава во Гостивар 58 казнети, 39 возила подигнати со пајак

    Македонијапред 3 часа

    На државна матура најмногу пријавени за полагање англиски јазик

    Здравје и убавинапред 5 часа

    Рецепт за домашен сок од глуварче

    Деца Родителипред 19 часа

    Кога промените во однесување зборуваат гласно – детски повици за помош

    Македонијапред 20 часа

    Нов историски ден за Северна Македонија, оцени Мицкоски

    Македонијапред 23 часа

    Менталните нарушувања почести, но посета на психолог и психијатар е сè уште табу тема

    Македонијапред 1 ден

    Затвор по 1,5 година за поранешните директори на Клиника во Тетово за пожарот во модуларната болница

    Македонијапред 1 ден

    Поскапува Еуросупер БС-98

    Писмапред 1 ден

    ПИСМА: Граѓани од Малеарди реагираат-„Се корнат здрави дрвја заради изградба на велосипедска патека“

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена