Македонија
Истражување: Граѓаните најмногу веруваат во Армијата и Претседателот, а најмалку во судството и обвинителството

Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата (47 %), во Претседателот (31 %), во религиозните заедници (30%), како и во полицијата (25 %), додека најмалку веруваат на судството (8 %) и обвинителството (8 %). Ова го покажа анкетното истражување ЕВРОМЕТАР на ЕВРОТИНК – Центар за европски статегии.
Во однос на работењето на полицијата, доминира негативниот став во евалуацијата на сите мерени аспекти. Сепак, 30 % се со мислење дека полицијата професионална во своето работење; 26 % дека е ефикасна; 22 % дека е транспарентна; 20 % дека е отчетна; 16 % дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуки и во најмал процент дека е полицијата независна од партиските, владините или бизнис-интересите (13 %).
Наспроти генералната негативна оценка за работењето на полицијата, граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалноста на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со КОВИД-19, 13 % имале потреба да контактираат со полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61% позитивно го оцениле ова искуство. Само 9% од граѓаните слушнале за концептот „Полиција во заедницата“ и уште помалку (5.4%) се запознаени со улогата и работата на Локалниот совет за превенција во својата општина.
„Податоците кажуваат дека најголемиот дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020г., годинава е за 2 проценти зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа“. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето останува стабилна и бележи раст. За 3 процентни поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните 6 месеци, а речиси три четвртини (74 %)од граѓаните би гласале позитивно ЗА на референдум за влез во ЕУ и една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните 5 години. Околу половина од граѓаните сметаат дека односот на Унијата кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки, но за 9 % од лани се зголемил бројот на оние кои веруваат дека а е фер, пријателски и коректен (30%).“, стои во анализата од истражувањето.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја