Поврзи се со нас

Македонија

Истражување: Граѓаните најмногу веруваат во Армијата и Претседателот, а најмалку во судството и обвинителството

Објавено

на

Граѓаните најголема доверба имаат во Армијата (47 %), во Претседателот (31 %), во религиозните заедници (30%), како и во полицијата (25 %), додека најмалку веруваат на судството (8 %) и обвинителството (8 %). Ова го покажа анкетното истражување ЕВРОМЕТАР на ЕВРОТИНК – Центар за европски статегии.

Во однос на работењето на полицијата, доминира негативниот став во евалуацијата на сите мерени аспекти. Сепак, 30 % се со мислење дека полицијата  професионална во своето работење; 26 % дека е ефикасна; 22 % дека е транспарентна; 20 % дека е отчетна; 16 % дека ги зема предвид мислењата и потребите на граѓаните во донесувањето на одлуки и во најмал процент дека е полицијата независна од партиските, владините или бизнис-интересите (13 %).

Наспроти генералната негативна оценка за работењето на полицијата,  граѓаните кои имале личен контакт позитивно ја оценуваат професионалноста на полициските службеници во своето работење. Во услови на пандемија со КОВИД-19, 13 % имале потреба да контактираат со  полицијата за прашања поврзани со пандемијата, а од нив 61% позитивно го оцениле ова искуство. Само 9% од граѓаните слушнале за концептот „Полиција во заедницата“ и уште помалку (5.4%) се запознаени со улогата и работата на Локалниот совет за превенција во својата општина.

„Податоците кажуваат дека најголемиот дел од граѓаните остануваат упорни поддржувачи на Европската Унија. Во споредба со крајот на 2020г., годинава е за 2 проценти зголемен процентот на граѓани кои сметаат дека членството во ЕУ е „добра работа“. И покрај ветото од Бугарија, поддршката за пристапувањето останува стабилна и бележи раст. За 3 процентни поени се зголемени и очекувањата за почнување на преговори во следните 6 месеци, а речиси три четвртини (74 %)од граѓаните би гласале позитивно ЗА на референдум за влез во ЕУ и една третина сметаат дека интеграцијата на земјава во Унијата ќе се случи во наредните 5 години. Околу половина од граѓаните сметаат дека односот на Унијата кон Македонија е нефер, надмен и уценувачки, но за 9 % од лани се зголемил бројот на оние кои веруваат дека а е фер, пријателски и коректен (30%).“, стои во анализата од истражувањето.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена