Поврзи се со нас

Македонија

Истражување: Младите навлечени на марихуана, возрасните на седативи

Објавено

на

Институтот за јавно здравје презентираше загрижувачки податоци за употребата на дроги во земјава. Два проценти од деца на возраст од 11, 12, 13 години користат марихуана, а нивниот број континуирано расте. Пет проценти од малолетниците на возраст од 15 и 16 години пробале марихуана. Триесет и два насто од граѓаните земале седативи еднаш годишно. Најчесто ги користеле за смирување, препишани од лекар, но и на своја рака. Ова го покажуваат резултатите од најновото истражување спроведено на 5.005 испитаници на возраст од 15 до 64 години од различни демографски и социоекономски категории. Истражувањето е  направено со стручна и финансиска помош на  Европскиот мониторинг центар за дроги и зависности од дроги со седиште во Лисабон.

„Употребата на илегални дроги е околу два процента, но загрижува фактот што таа има тренд на пораст и е поврзана со возраста. Па така, на 15 и 16 години околу 5 проценти рекле дека пробале еднаш до двапати марихуана“, вели д-р Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје.

Марихуаната е најчесто користена дрога во земјава. Мажите користат повеќе психоактивни супстанци, а жените повеќе употребуваат седативи. Дрога најчесто земаат лица на возраст од 17 до 27 години, со исклучок на кокаинот, кој го користат лица над 30 години. Новите психоактивни супстанци се застапени кај еден процент од популацијата.

Истражувањата покажале дека 8, 9 проценти од населението на возраст од 15 до 64 години употребуваат  некој вид дрога, а 8, 2 проценти користат марихуана. Дури 16, 1 посто од младите на возраст од 15 до 34 години кажале дека користат некој тип дрога, а 15 проценти употребуваат марихуана.

Влијанието на психоактивните супстанци врз здравјето на луѓето е одамна докажано и документирано. Превенцијата, третманот, рековалесценцијата и социјалната реинтеграција се мерки и програми кои имаат голема улога во справување со проблемот на употреба на дроги и редукција на негативното влијание врз општеството. Како дополнување на медицинските аспекти на проблемот кои се резултат на директното влијание на психоактивните супстанци врз здравјето, други форми на штетности претставуваат ризик-фактор, не само за лицата кои користат психоактивни супстанци, туку и за луѓето со кои тие доаѓаат во контакт. „Во оваа смисла само да ги напоменеме последиците кои доаѓаат од предозираност, траума, самоубиство, ментални нарушувања и болести, инвалидитет и онеспособеност и прерана смрт“, велат во Институтот за јавно здравје.

Земјите на Југоисточна Европа се коридор за пренос на дроги, особено хероин, кон земјите на Западна и Централна Европа. Македонија лежи токму на патот на оваа балканската рута, па дел од илегалните дроги остануваат и се дистрибуираат и во земјава.

Во регионот Хрватска е на врвот по користење на марихуана со 19, 4 проценти, во Словенија  15, 8 посто од населението користи марихуана, во Бугарија 7, 5 проценти, а во Германија дури 27,2 проценти од населението користи марихуана.

Извор: Makfaks

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена