Поврзи се со нас

Гостивар

Истражување: Повеќето наставници, родители и директори се ЗА отворање на училиштата во септември

Објавено

на

Мнозинството анкетирани директори на училишта, наставници и родители се за повторно отворање на училиштата со настава во училница или комбиниран модел на настава во училница и учење на далечина. Ова го покажале резултатите од истражувањето „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ објавено денес од страна на Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието, УНИЦЕФ, Британската амбасада во Скопје и партнерот Реактор – Истражување во акција.

Биле анкетирани вкупно 10.000 лица (210 директори на училишта, 6.400 наставници и 3.400 родители). 59% од анкетираните директори, 58% од анкетираните наставници во основното и 48% од анкетираните наставници во средното образование и 46% од анкетираните родители ја поддржале редовната настава во училница во согласност со протоколите. 36% од директорите, 33% од наставниците во основното и 38 % од наставниците во средното образование и 35% од родителите поддржуваат комбиниран модел на настава во училница и на далечина.

„Дел од овие резултати се веќе интегрирани во плановите и политиките кои се однесуваат на начинот на реализација на воспитно-образовниот процес во иднина, кој повеќе од јасно е дека мора да се прилагодува на новата реалност, на новите и како што кажав невообичаени услови за едукација за сите нас, а притоа да ја задржи својата основа функција и цел. Останатиот дел од наодите од истражувањето ќе се интегрираат, народски кажано, во ôд и зависно од потребите“, изјави Арбер Адеми, министер за образование и наука.

„По затворањето на училиштата и градинките, образовниот систем брзо се преориентира кон далечинско учење што беше важно за децата да не заостанат многу со учењето. Има сѐ повеќе докази за негативното влијание од затворените училишта, со долгорочни последици врз  учењето на децата, безбедноста, здравјето и благосостојбата. Доколку отворањето на училиштата не ни е приоритет ќе забележиме назадување во образовните придобивки стекнати во последните години. Најдобрите интереси на децата мора да бидат централни при носењето одлуки за тоа кога и како училиштата повторно ќе се отворат.“ рече Патриција ди Џовани, претставник на УНИЦЕФ.

Ккао што наведува УНИЦЕФ, првичните резултати од истражувањето на тема „Искуства и ставови за учењето на далечина за време на пандемијата на КОВИД-19“ потенцираат дека:

  1. Над половина од анкетираните наставници, 54%,  забележаа зголемување на бројот на ученици кои имаа тешкотии или не успеваат да го усвојат тоа што им беше предавано.
  2. Мнозинството наставници, 77%, во некој момент за време на учењето на далечина не можеле да стапат во контакт со некои од нивните ученици.
  3. Иако сите наставници имале некаков пристап до интернет и компјутерска опрема, значителен дел, 42%, делеле компјутер или лаптоп со други членови на семејството, 18% користеле застарени компјутери и 5% користеле мобилни телефони или таблети, околу 42% имале ограничен или немале постојан пристап на интернет.
  4. Мнозинството наставници изјавија дека им е потребна обука и дополнителна поддршка за да го спроведат учењето на далечина забележувајќи ги следните работи како приоритетни: пристап до дигитални наставни материјали (62%), компјутерска опрема (58%) и дигитални учебници (56%) и обука како да ги користат дигиталните платформи за да ги спроведат онлајн часовите (58%) и дигитални платформи за оценување на ученците (54%).
  5. Мнозинството анкетирани родители имале потешкотии да ги поддржат своите  деца за време на учењето на далечина – 61% се изјаснија дека нивните работни обврски ги спречувале да им посветат дополнително време потребно за поддршка на онлајн учењето.
  6. Пристапот до интернет и до компјутерска опрема, исто така, беше пречка за некои домаќинства каде 37% од родителите изјавија дека децата мора да делат лаптопи или компјутери со други членови на семејството, а други изјавија дека немаат стабилен интернет; само 5 проценти изјавија дека немаат пристап до лаптоп или компјутер.
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена