Поврзи се со нас

Вести

Италијански спелеолози во Гостивар – наскоро виртуелна 3Д тура низ пештерата Убавица

Објавено

на

Група спелеолози од Италија престојуваат во Гостивар со цел да ја истражуваат пештерата Убавица во Горна Ѓоновица и да обучат нивни гостиварски колеги за подобро управување и заштита на пештерата.

Активноста е дел од проектот за зајакнување на локалните актери за истражување и конзервација на природното наследство на Убавица, што го спроведува Спелеолошкиот клуб Кораби од Гостивар во соработка со општината.

„За мене нешто многу значајно и трајно е што ќе се овозможи и виртуелна тура во внатрешноста на пештерата. Така и оние кои не можат да ја посетат, ќе може да ја разгледаат и да уживаат во природните убавини“, рече Јетон Османи, претседател на клубот.

Матео Тарталини, спелеолог од Италија нагласи дека со задоволство ќе ги споделат своите искуства со локалните спелеолози. „Овој проект, за нас претставува нешто многу големо и значајно. Подготвени сме да ги пренесеме нашите искуства на овдешните спелеолози. Ќе се фокусираме да споделиме што е можно повеќе знаење и вештини.

Градоначалникот Арбен Таравари, кој ги прими спелеолозите денес во својот кабинет, изрази надеж  дека со проектот ќе се збогати туристичката понуда на Гостивар.

Проектот за истражување и заштита на пештерата Убавица финансиски е поддржан од Европската Унија со околу 76 илјади долари.

 

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 2 часа

Фолклорот и традицијата во Гостивар како предвесници на празничната велигденска атмосфера

ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 6 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 8 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 9 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 10 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 11 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 12 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 13 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена