Вести
Ивана Пројковска главен судија на денешното финале на европското фудбалско првенство

Најдобрата македонска судијка, Ивана Пројковска е главен судија на финалето меѓу Франција и Германија од Европското првенство за девојки до 19 години, кое се игра денес во Шкотска.
Таа во фазите од групи ја делеше правдата на натпреварите помеѓу Англија и Германија (1:2) и помеѓу Франција и Норвешка (3:3), додека во полуфиналниот меч помеѓу Германија и Холандија (3:1) беше четвртиот судија.
Добивајќи ја довербата на УЕФА да биде главен судија на финалето помеѓу Германија и Франција, нашата Ивана Пројковска го заработи најголемото признание во нејзината судиска кариера, соопшти Фудбалската федерација на Македонија. Помошници на Пројковска во финалето ќе ѝ бидат Каролин Калвоја од Естонија и Александра Теодора Апосту од Романија.
Пројковска e во првата категорија на судии во УЕФА.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар
-
Светпред 3 месеци
Масовен пад на криптовалутите