Поврзи се со нас

Македонија

ИВЗ: Од утре теравија може да се клања во џамиите

Објавено

на

Од утре (5 мај) џамиите во земјава ќе бидат отворени за верници за терави намаз, верски обред кој муслиманските верници го извршуваат секоја вечер за време на месецот Рамазан. Веста ја соопшти вечерва Исламската верска заедница, од каде повикаа на почитување на антиковид мерките.

„Задоволство ни е да информираме дека по донесената одлука од Владата на РСМ да се скрати полицискиот час и да почнува од 23 часот од 05.05.2021 година, која дојде по подобрувањето на состојбата со пандемијата КОВИД-19, но и по разгледување на  барањето на Исламската верска заедница, од утре молитвата теравија може да се прави во во џамиите. Во оваа прилика, сакаме да изразиме голема благодарност до Владата и релевантните институции кои го прифатија барањето упатено од Реисул Улема од ИВЗ Х. Хфз. Шаќир еф. Фетаи, за да им се овозможи на муслиманските верници во нашата земја да вршат терави намаз во џамиите во преостанатите ноќи на Рамазан и со тоа уште посилно да го искусат побожноста на Рамазан. Вреди да се напомене дека оваа одлука дојде и како резултат на дисциплината што ја покажаа сите верници што присуствуваат на џамиите, што даде силни индикации за посветеноста за заштита од вирусот корона. Апелираме до сите верници да продолжат со оваа максимална грижа, почитувајќи ги правилата за носење маски, дистанца и дезинфекција во џамиите, со цел да ги зачуваме нашите животи и оние околу нас, принцип што е основен и суштински принцип на исламот.“, се наведува во соопштението на ИВЗ.

До сега поради полицискиот час, муслиманските верници молитвата терави намаз ја вршеа дома.

 

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена