Гостивар
Избирачки одбори до ОИК Гостивар јавиле за граѓани кои не се најдени во избирачкиот список
Општинската изборна комисија на Гостивар оцени дека избориот процес на подрачјето што го покрива, до сега се одвива непречено, без прекин и застој и според предвидениот протокол за заштита од коронавирус. Некои избирачки одбори се соочиле со технички проблеми, кои се надминуваат. ОИК потврди дека има и случаи кога граѓани сакале да гласаат, но не биле евидентирани во избирачкиот список.
„Според информациите од теренот гласањето тече нормално, без поголеми проблеми. Некои избирачки одбори јавија за технички проблеми, како на пример логирање и внесување податоци преку апликацијата, затоа што има и избирачки места во подрачја коишто се планински, па имаат потешкотии со интернетот. Но, ако не успеат преку апликацијата, ни се јавуваат и податоците ни ги кажуваат телефонски, така што тоа се надминува. Како и за минати избори има граѓани кои не се најдени во избирачкиот список, тие се упатуваат во подрачната единица на ДИК, имаат право да поднесат и приговори, доколку сметаат дека им е нарушено гласачкото право. Меѓутоа, овојпат нема да може да гласаат, затоа што не се наоѓаат во избирачкиот список. До ОИК се уште нема доставени приговори, ние само сме добиле информација од избирачки одбори за такви случаи“, изјави претседателот на ОИК Гостивар, Мустафа Муслиу.
Прецизна бројка на граѓани кои сакале да гласаат, но не биле запишани во избирачкиот список нема. Според сознанијата од избирачките одбори, до сега ги имало 15 до 20.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди