Поврзи се со нас

Деца Родители

Избор на партнер – Што е заљубеност, а што вистинска љубов?

Објавено

на

 

Животот на човекот е непрекинат синџир на избор и одлуки. Човекот избира, но и тој самиот е објект на нечии избор. Во изборот на партнерот доминантна улога имаат емоциите. Емоционалниот избор може да произлезе од заљубеноста или љубовта.

Што е заљубеност,а што вистинска љубов?

Заљубеноста е состојба во која  личноста за помош на партнерот најмногу се доближува до себе си. При тоа партнерите еден во друг  ја бараат идеалната слика за себе. Во партнерот се бара и се гледа совршенството што таа личност би сакала да ја поседува.Заљубеноста е поврзана со силен емоционален набој и страст. Во такви услови не постои реално согледување на партнерот. Партнерите не се објективни, бидејќи еден во друг ги бараат особините кој тие ги сакаат. Во заљувеноста свесните делови на личноста осиромашуваат,но постои критичност и преовладув идеализација.

Заљубеноста е површна страст и не е љубов во вистинска смисла на зборот. Заљубените не се познаваат еден со друг. Целта не им е да се прикажат такви какви што се, туку такви какви што партнерот ги сака.

Затоа се вели дека заљубеноста е минлива и краткотрајна. Но,од неа може да се развие зрела љубов, но исто така може и да дојде до одделување на партнерите  пораду нарушување на идеалната слика која партнерите ја имаат еден а друг.

Љубовта се разликува од заљубеноста по тоа што и двајцата партнери имаат реална слика еден за друг и се прифаќаат такви какви што се, ја дозволуваат индивидуалноста, различноста, имаат добра комуникација, а евентуалните конфликти не влијаат за рушење на  нивниот емоционален развој. Заеднички ја негуваат блискоста, имаат слични погледи на светот и на системите на вредности.

Постои опасност многумина од младите во фаза на заљубеност да се одлучат за склучување на брак. Подоцна кога семејството е формирано партнерите се согледуваат во вистинската  светлина и увидуваат дека не се еден за друг. Се руши идеалната слика за партнерот, а со тоа завршува и емоционалноста. На површина излегуваат разликите присутни се чувството на разочарување и лутина за изборот на партнерот, тука е и почетокот на крајот на еден брак.

Заљубеноста е минлива фаза, повеќето успеваат да излезат од таа фаза и да го унапредат односот, збогатувајќи го со нови квалитети, интереси, содржини и поцврсти емоции. Тогаш зборуваме за зрел, реален избор на партнерот, сериозна љубов како реална основа за градење на брак и семејство.

Затоа често се поставува прашањето дали мотив за склучување на брак била љубовта или заљубеноста?

( Следува правилен избор на партнерот…)

 

пишува: м-р Слаѓана Ангелкоска, психолог

 Советувалиште за брак и семејство,

 Центар за социјална работа

  Гостивар

 

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена