Вести
Избори 2016: Гостивар – Не можеле да гласаат бидејќи ги немало во избирачки список
Десетици граѓани во Гостивар не можеле да го искористат правото на глас затоа што ги немало во избирачкиот список. Информацијата ја потврдија од Општинската изборна комисија од каде објаснуваат дека станува збор за лица кои претходно биле на спорниот избирачки список и не се пријавиле да го потврдат идентитетот во предвидениот рок. Нивното непријавување автоматски значи губење на правот на глас на овие избори.
-Такви примери има во целата земја и тука ние како Општинска изборна комисија не можеме да сториме ништо, изјави Мустафа Муслиу, претседател на ОИК Гостивар.
На територијата на цела Македонија над 39.500 граѓани беа означени за спорни и тие добија определен рок да се пријават во подрачните Министерства за правда за да го потврдат идентитетот и достават важечки документи. Ова беше дел од партиските договори за одржување на изборите.
Инаку до 17 часот во Гостивар и околните населени места правото на глас го искористиле 34.556 граѓани.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар