Избори 2024
ИЗБОРИ 2024: Додека трае молкот за претседателските избори продолжува кампањата за парламентарните

Додека трае молкот за претседателски избори продолжува кампањата за парламентарните избори, изјави претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски прецизирајќи, како што кажа, една своја неодамнешна изјава.
„Би сакал да кажам во врска со една моја изјава, сакам да прецизирам, со оглед дека се поклопуваат кампањите за претседателски и за парламентарни избори, законот е јасен дека има предизборен молк за претседателски избори на 22 април и трае до 24 април. Нема да се поклопи со другиот молк (за парламентарни избори). Да не должиме да нема забуни. Сметам дека ова е доволно објаснување затоа што претходно во изјавата не кажав датуми за ништо и тоа би било нешто што е предвидено и во законот и во роковникот“, рече на денешната седница на ДИК Даштевски.
Претседателските избори ќе се одржат на 24 април, а кампањата почнува на 4 април и трае до 22 април кога почнува молкот за претседателските избори, додека парламентарните избори се на 8 мај, кампањата почнува на 18 април и ќе трае до 6 мај. За време на молкот за претседателските избори ќе се одвива изборната комапања за претседателските избори. Ова, како што појаснија минатата недела во ДИК, е уникатна и единствена ваква ситуација досега.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 4 дена
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Македонијапред 4 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Гостиварпред 3 месеци
Бесник Зеќири стапи на функцијата директор на болницата во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос