Локални избори 2022
ИЗБОРИ Маврово и Ростуше: Промени, проекти, победи-порачува кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Мевмед Џафери

Во рамки на предизборната кампања за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Мевмед Џафери ги посетува населените места и остварува средби со граѓаните, пред кои ги претставува проектите и плановите коишто се зацртани во неговата програма.
При посетата на селата Маврово, Ниќифорово и Леуново беше придружуван од пратеничката Дафина Стојаноска.
„На отворено, пред сите, без телохранители и тајни служби… Ова се непокорените села од општина Маврово и Ростуше. Ова се Маврово, Ниќифорово и Леуново и тука жителите се за ВМРО-ДПМНЕ. Овде луѓето препознаа искрен и чесен лик во докторот Џафери и даваат силна поддршка за негова победа на 20-ти август.“, истакна Стојаноска.
„Општина Маврово и Ростуше ќе добие нов лик, а промените ќе значат функционална локална самоуправа која ќе биде во служба на граѓаните, голем број на инфраструктурни проекти и инвестиции кои ќе значат отворање на нови работни места.“, порача Сајкоски од Врбен.

Џафери потенцира дека како градоначалник ќе работи во интерес на граѓаните, а локалната самоуправа ќе биде ставема во нивна служба. Доаѓа време за промени, проекти и победи, порача тој.
Еден од проектите кои ги ветува е изградба на централна детска градинка, опремена со најсовремени стандарди во Ростуше, а во која ќе се згрижуваат деца и од Требиште, Велебрдо и Битуше.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 2 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести