Свет
Избори во САД: Трамп води, Харис го одложи говорот

Американците избираат претседател по 60-ти пат во историјата, а целиот свет го чека исходот кој ќе влијае на голем број глобални конфликти и кризи.
Во исто време се избира и нов состав на Конгресот и третина од Сенатот.
Резултатите главно се во согласност со очекувањата. Трамп ја задржа контролата врз традиционално републиканските држави, додека Харис ги освои демократските упоришта.
Трамп, кој според проекциите на Си-Ен-Ен досега освои 246 електорски гласови, победи во Мисури, Оклахома, Алабама, Флорида, Тенеси, Западна Вирџинија, Индијана, Кентаки, Јужна Каролина, Арканзас, Тексас, Вајоминг, Јужна Дакота, Северна Дакота, Мисисипи, Луизијана, Охајо, Канзас, Монтана, Јута, Ајова, Небраска, Ајдахо, Џорџија и Северна Каролина.
Харис, која досега има 182 електорски гласови, победи во Масачусетс, Мериленд, Вашингтон ДЦ, Вермонт, Делавер, Роуд Ајленд, Илиноис, Њујорк, Колорадо, Калифорнија, Орегон, Вашингтон, Конектикат, Вирџинија и Хаваи.
Потребни се најмалку 270 електорски гласови за победа на претседателските избори.
Асошиејтед прес беше меѓу првите што ја објави победата на Трамп во Северна Каролина. Како што објаснија, Трамп во моментот на објавувањето водел со повеќе од 130.000 гласови, а речиси 90 отсто од гласовите беа преброени.
„Во споредба со изборите во 2020 година, одѕивот на гласачите се зголеми во многу области што ги освои тогаш Трамп, а се намали во многу области во кои победија демократите“, објасни АП. Трамп и пред четири години славеше во Северна Каролина.
Според податоците на Би-Би-Си, Трамп моментално води во сите седум колебливи држави. Во Аризона, разликата меѓу него и Харис е многу мала, 49,8 отсто наспроти 49,4 проценти. Првата колеблива држава, Северна Каролина, ја освои Трамп.
Харис денеска нема да им се обрати на приврзаниците, но се очекува да зборува утре, рече копретседавачот на нејзината кампања, додека продолжуваат да пристигнуваат изборните резултати од целата земја.
- Имаме уште гласови за броење. Сè уште имаме држави во кои сè уште се гласа, изјави Седрик Ричмонд.
Неговата изјава дојде откако Си-Ен-Ен проектира дека поранешниот претседател Доналд Трамп ќе победи во две од клучните колебливи држави: Северна Каролина и Џорџија.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог