Вести Гостивар
Избрани се поетите финалисти на Меѓународниот фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар

Познати се имињата на поетите кои влегоа во финале на годинешново, шесто по ред издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар.
Песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири-комисијата во состав: претседател Виолета Танчева-Златева (поетеса, раскажувач, лектор, член на ДПМ) и членовите: Лулзим Хазири, поет, и Гордана Страшевска, професор по македонски јазик.
Во конкуренција од над 16о поети од земјава и странство, во финалето влегоа: Љубица Шопова (Скопје), Стефан Костоски (Охрид), Димитар Арнаудов (Стојаково), Давче Насевски (Штип), Иван Гачина (Хрватска), Дејан Крстески (Гостивар), Маја Нестороска (Радожда), Ице Беличев (Струмица), Спасија Бежановска (Охрид), Мањола Брахај, (Косово), Никола Наумовски (Куманово), Душица Ристовска (Скопје), Јернеј Кустерле (Словенија), Никола Јовановиќ (Србија), Соња Шијаков (Штип), Славица Гаџова-Свидерска (Битола), Емељ Туна (Скопје) и Емануела Ковачевска-Китановска (Скопје).
„Поетскиот квалитет на творбите кои ги поминаа првите филтри, беше на очекуваното рамниште. Избраните како најдобри, задоволуваат достоинствено ниво на поетска посветеност и привлечност, на кои нема да остане рамнодушен ниту обичниот читател, ниту добрите познавачи на поезијата. Избраните стихови претставуваат значаен влог во развојот на поезијата на балканските простори“, се вели во одлуката на жири комисијата.
Шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 24 мај, со поетско читање и соопштување на наградените.
Фестивалот доделува Гран-при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.
Манифестацијата ја организира Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“ – Гостивар, со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ од Гостивар.
Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.
Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 20 часа
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер