Поврзи се со нас

Култура

Избрани се поетите финалисти на Меѓународниот фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар

Објавено

на

Познати се имињата на поетите кои влегоа во финале на годинешново, шесто по ред издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри 2019“ во Гостивар.

Песните пристигнати на конкурсот ги оценуваше жири-комисијата во состав: претседател Виолета Танчева-Златева (поетеса, раскажувач, лектор, член на ДПМ) и членовите: Лулзим Хазири, поет, и Гордана Страшевска, професор по македонски јазик.

Во конкуренција од над 16о поети од земјава и странство, во финалето влегоа: Љубица Шопова (Скопје), Стефан Костоски (Охрид), Димитар Арнаудов (Стојаково), Давче Насевски (Штип), Иван Гачина (Хрватска), Дејан Крстески (Гостивар), Маја Нестороска (Радожда), Ице Беличев (Струмица), Спасија Бежановска (Охрид), Мањола Брахај, (Косово), Никола Наумовски (Куманово), Душица Ристовска (Скопје), Јернеј Кустерле (Словенија), Никола Јовановиќ (Србија), Соња Шијаков (Штип), Славица Гаџова-Свидерска (Битола), Емељ Туна (Скопје) и Емануела Ковачевска-Китановска (Скопје).

„По­ет­ски­от ква­ли­тет на творбите кои ги поминаа првите филтри, беше на очекуваното рамниште. Избраните како најдобри, за­до­во­лу­ва­ат дос­то­инстве­но ни­во на по­ет­ска по­све­те­ност и привлечност, на кои не­ма да ос­тане рам­но­душен ниту обичниот читател, ниту добрите поз­навачи на по­е­зи­ја­та. Избраните стихови прет­ста­ву­ва­ат зна­чаен влог во раз­во­јот на поезијата на балканските простори“, се вели во одлуката на жири комисијата.

Шестото издание на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ќе се одржи на 24 мај, со поетско читање и соопштување на наградените.

Фестивалот доделува Гран-при, Прва, Втора и Трета награда, Награда за најдобар странски автор и Најуспешна млада искра. Наградите се состојат од плакети и книги.

Манифестацијата ја организира Здружението за култура и заеднички вредности „Слово 21“ – Гостивар, со поддршка на Министерството за култура, Општина Гостивар и Центарот за култура АСНОМ од Гостивар.

Поетскиот фестивал се одржува во чест на Денот на сесловенските просветители, светите Кирил и Методиј.

Gostivarpress.mk е медиумски партнер на фестивалот.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена