Занимливости
Изел 32.340 „Биг мек“ хамбургери, го сруши сопствениот Гинисов рекорд

Маж од Висконсин (САД) е влезен во Гинисовата книга на рекорди како човек кој изел најмногу „Биг мек“ хамбургери во животот – дури 32.340 сендвича.
Иако многумина би можеле да се пофалат дека изеле повеќе „Биг мек“ хамбургери во животот, ништо не се споредува со напорите на 68-годишникот Доналд Горске кој од 1972 година јаде барем по еден „Мекдоналдс Биг мек“ секој ден, а во просечно – по два на ден. Тој првпат ја освои таа титула за најмногу издени хамбургери во 1999 година, па оттогаш само го надминува својот рекорд. За Гинисовата книга на рекорди раскажува како сѐ тоа почнало…
– Возев директно до Мекдоналдс, ги зедов моите први три Биг Мек, потоа се качив во автомобилот и ги изедов. Во тој миг си реков: „Веројатно ќе го јадам ова до крајот на мојот живот“. Ги фрлив картончињата на седиштето и почнав да ги бројам од првиот ден, раскажува тој.
Во раните денови, тој јадел и до девет хамбургери на ден, но неговата евиденција забележува дека јаде просечно по два секој ден.
Според „Економист“, еден „Биг мек“ чини околу 5,8 американски долари.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022