Поврзи се со нас

Гостивар

Изгласано: Развојната програма на Гостивар за догодина „тежи“ околу 2,5 милијарди денари

Објавено

на

Советот на Општина Гостивар на денешната седница ја усвои Развојната програма за 2023-та година, која ги содржи планираните проекти и зафати во инфраструктурата, водовод и канализации и образование. Документот беше донесен едногласно, по час и половина дебата во салата.

Советниците од ДУИ излегуваа еден по еден на говорницата и дадоа низа критики, како и предлози за дополнителни проекти.

„За жал, Развојната програма стана клише и се прави иста секоја година. Ако погледнете ќе видите дека проектите во Програмата за 2023-та се идентични со тие за 2022-ра, особено во делот на инфраструктурата. Значи ниеден проект не се реализирал и се префрлаат за наредната година. Дури и редните броеви на проектите се исти. Треба да се внимава, да не се ветува многу, а не може да се исполни.“, нагласи советникот од ДУИ, Азиз Даути.

Спротивно на тоа, од Алијанса за Албанците пак, искажаа пофални зборови за реализирани проекти на општината во градот и во околни места и исто така дадоа неколку свои предлози плус.

Станиша Матески од редовите на СДСМ побара повеќе проекти за децата и за младата популација, као и решавање на инфраструктирни проблеми во населбата Циглана.

„Да има повеќе детски катчиња, игралишта, раззеленување на површини. Во оваа прилика би ја истакнал и потребата за средување во Циглана, таму луѓето живеат како во 17 век, газат во кал и фекалии. Особено итно е потребно да се среди улицата кон училиштето, таму децата поминуваат преку фекалии.“, рече Матески.

Претседателот на Советот, Валбон Лимани побара од советниците да ги достават сите предлози до администрацијата, за да се вметнат во Програмата.

Инаку, Развојната програма на Општина Гостивар за следната година има вкупна финансиска рамка од околу 2,5 милијарди денари.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена