Македонија
Изгоре ноќен бар на автопатот Гостивар-Тетово

Вчера наутро околу 6 часот, од засега неутврдени причини избувнал пожар во кафе-барот „Ориентал АС“ на автопатот Гостивар-Тетово, на излезот од селото Жеровјане. Според информациите од МВР, опожарен бил западниот дел од објектот и значително бил оштетен целиот инвентар во неговата внатрешност (маси, мебел, телевизори, музички системи и друго).
За време на избувнување на пожарот кафе-барот бил затворен и внатре немало никој. Со интервенција на тетовските пожарникари огнот бил локализиран.
Извршен е комплетен увид и се утврдува причината за пожарот, соопштува полицијата. Вкупната материјална штета се проценува на околу 3 милиони денари.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!